Достапни линкови

Годинава значајна за Македонија во поглед на почетокот на преговорите за членство во ЕУ


Есенва оваа година ќе биде значајна за Македонија во поглед на почетокот на преговорите по добивањето на кандидатскиот статус на вашата земја за членство во Европската Унија, но тоа ќе зависи од напроите и спроведувањето на идните реформи, порача Ерван Фуере амбасадорот на ЕУ во државава во неговото прво обраќање, кое претходно беше одложено поради ноговогодишните празници, пред комисијата за европски прашања во македонското собрание.

„Следниот извештај на Европската Комисија ќе биде усвоен есенва оваа година, кој што ќе се темели, односно ќе значи чекор напред за вашата земја за поставување на датум за прием, само откако ќе се види дека е постигнат некаков напредок. Многу е важно напорно да се работи оваа година, како и во следните неколку месеци.“

Истакна Фуере кој повтори дека во таа насока Европската Унија будно ќе ги следи идните чекори и напредокот на Македонија како и понатамошната целосна имплементацијата на Охридскиот договор.

„Секако дека што се однесува до Охридскиот Рамковен договор, ние одблиску ќе ја следиме неговата имплементација и законската агенда која што беше усвоена од Собранието.“

Од Македонија ќе зависат идните чекори на патот на евроинтеграцијата, а во таа насока австрискиот амбасадор во земјава Филип Хојос чија земја од први јануари годинава го презеде претседавањето со Европската Унија, потенцираше дека државава како и останатите земји од Западен Балкан ќе ја имаат подршката и помошта од Австрија, чиј приоритет за време на претседавањето меѓу другите ќе биде токму Западниот Балкан.

„Мислиме дека Европската Унија и нејзиното единство не е комплетно без балканските земји.“

Заклучи австрискиот амбасадор Хојос, кој по повод претседавањето на неговата земја, исто така се обрати пред пратениците членови на Комисијата за европски прашања.
XS
SM
MD
LG