Достапни линкови

Владите прават резерви на Тамифлу


Како светот се подготвува за борба против птичјиот грип доколку се рашири меѓу луѓето. Владите прават резерви на Тамифлу иако ќе бидат потребни десет години да се призведе покривање на само 20 насто од светската популација. Овој лек е исто така и скап што пак е отежнувачка околност за посиромашните земји. Од друга страна иако Тамифлуто во Виетнам се покажа како не ефективен засега подобар лек нема, јавува нашиот дописник Јули Корвин.

Во студијата на Њу Енгланд Журнал оф медицин престижен американски магазин за медицина се сугерира дека вирусот на грипот може да развие отпорност кон Тамифлуто. Четири од 8 пациенти инфицирани од птичјиот грип во Виетнам починаа и покрај третманот со Тамифлу. Лекарите велат дека вирусот мутирал во нова верзија со висока отпорност на лекот. Ендрју Павеја од Универзитетот во Јута верува дека и покрај тоа тој е се уште најдобар лек до кој може да се дојде.

„Тамифлуто е најдобар лек кој сега го имаме за справување со грипот. Ние знаеме дека е ефективен со регуларниот сезонски грип и е превенција од смрт. И ако се зема доволно време порано има значајно влијание врз болеста.“

Другиот антивирусен лек е Реленца кој, според Павеја е исто така ефективен доколку се користи во раната фаза. За него важат истите работи како кај Тамифлуто, вели Ендрју Павеја.

„Со Реленцата ние сеуште не сме виделе отпор иако секако апсолутност нема. Секој микро организам во одредена фаза ќе развие отпорност ако се доволно шанса. Проблемот со Реленцата е што снабдувањето е многу ограничено.“

Тука е и проблемот што економски слабите држави не моажт да одвојат средства за набавка на овие лекови. Иамјки во предвид случајите во Турција каде што децата се разболеа играјќи со мртви птици епидемиолозите велат дека многу нешто при борбата со птичјиот грип зависат и од тоа како владите се справуваат со земјоделскиот сектор, односно со едукацијата на населението. Затоа предупредувањата во стилот не фаќајте мртви птици се делотворни.

„Тоа не е проблем од човек на човек. Тоа е земјоделски проблем. Земјите мора агресивно да се справат со него. Затоа на Тајланд се успешни во контролата. Некои се поорганизарани.“

Меѓутоа, проблемите ќе се мултиплицираат доколку вирусот започне да се шири од човек на човек. Во Соединетиоте држави моментално врз доброволци се тестира вакцина за заштита актуелниот грипот односно од пренесување на луѓе. Меѓутоа, капацитети за брзо производство на ефикасен лек едноставно нема, а ефективноста на Тамифлуто и Реленцата врз новите типови грип се неиспитани.
XS
SM
MD
LG