Достапни линкови

Потребна е поголема организаираност за ефикасност


Судството во земјава веке подолго време се посочува како пречка за евро-атлантските интеграции. Најчестите карактеристики се корумпирано и под големо влијание на политиката. За ова сведочат и тешкотиите со кои се соочуваат некои граѓани.

Цане Трпковски од Охрид пет години не може да добие судско решение за оставнината од неговиот татко кој починал 2000 година. Тој се жали до Републичкиот судски совет бидејки постапката трае многу долго, а поради тоа судиката која го води неговиот предмет Вера Ристевска го тужи и бара од него да плати отштета затоа што и биле повредени угледот и честа со поднесување на претставка до Советот. Трпковски потенцира дека ниту ја познавал судиката, ниту имал намера да ја навреди, сакам само да се донесе одлука за оставинската постапка

,,Само ја имам видено и тоа во холот каде што требаше да почне расправата. Не сум контактирал со неа, ниту ја знам, ниту таа ме знае. Преку полиција на два – три пати ме бараа да ми ја достават тужбата.”

Вели Трпковски. По неговата жалба случајот е доделен на друг судија. Предмет кој исто така нема пресуда ниту во прв степен по речиси пет години е оној со прислушуваните новинари. Аферата прислушување беше обелоденета јануари 2001 година, а веднаш потоа следеше тужба од група новинари

,,Очигледно дека не постои волја, да бидам фина во изразот, случајот да се заврши побрзо. Неразумен е рокот од пет години, а да немате ниту првостепена пресуда.”

Изјави новинарката Јадранка Костова која е една од осумнаесетте новинари кои ја покренаа тужба.
Граганите пак редовно се обракаат до Републичкиот судски совет. Во 2004 се поднесени околу 1900 претставки, а 2005 нешто повеке од 2000. За што најмногу се жалат граганите информира претседателката на Судскиот совет, Ленче Софрониевска.

,,Главно се поплакуваат на долгите постапки во судовите и тоа биодејќи овој орган е надлежен за предлог на избор на судии”

Од Судскиот совет посочуваат дека поголем број од претставките се основани, а дека бројот на разрешени се судии е мал или двајца судии, поради ограничените надлежности на оваа институција. Усвоените уставни амандмани се добра основа, но самите по себе не можат многу да помогнат

,,Доколку ние не донесеме прави решенија во законот за судовите, во неговата организациона поставеност тешко дека ќе може да се операционализираат овие решенија.”

Оценува Софрониевска.
XS
SM
MD
LG