Достапни линкови

Непродуктивност и губење време


Лидерските средби со премиерот се непродуктивни и многу често губење време е оценката на повекето политички партии кои сепак упорно учествуваат на истите. Трајко Вељановски од ВМРО ДПМНЕ вели дека досефгашните средби биле чиста формалност но се надева дека престојната средба со премиерот Бучковски ке вроди со плод.

„Ако се има волја, може. До сега немаше волја, сега за овој закон мора да има волја, затоа што лошо е да има незадоволство уште во првиот чекор.“

За разлика од нив лидерот на ДПА Арбен Џафери за само неколку дена два пати кои информираше премиерот Бучковски дека нема намера да присуствува на лидерските средби:

„Не верувам дека може нешто да излезе од тие средби. Власта секогаш наоѓа начини да обезбеди механизми да обезбеди гласови за себе и да излезе победник,“

вели Илјаз Халими од ДПА. Инаку целта на престојната лидерска средба е да се постигне консензус за изборното законодавство со цел на парламентарните избори 2006 година да победи Република Македонија. Ако е ова тест за Република Македонија, сите заеднички да го положиме овој тест“, и пиша премиерот Бучковски на лидерите на опозициските партии.
Но дека законите не преставуваат пречка за организирање фер и демократски избори и дека за тоа потребно е самите партии да ја сносат одговорноста сметаат во ДУИ

„Законите никогаш не биле проблем за спроведување фер и демократски избори, проблемите потекнуваат од самите политички елити,“

вели Рафиз Халити. За опозициските ПДП и ДПА изборите во земјава би требало да се организираат од мегународната заедница или пак тие да бидат присутни на гласачките места за време на целиот изборен процес:

„Во Македонија еднаш засекогаш треба да им се стави крај на овие појави. А, тоа може да се случи само ако изборите се спроведуваат од меѓународната заедница.“

„Ако меѓународната заедница не е присутна на изборните места, пак ќе има крадење и полнење на кутии,“


велат Абдуљади Вејсели и Иљјаз Халими
XS
SM
MD
LG