Достапни линкови

Реформата се одвива добро


„Иднината денес!“, „Разбудете го пензионерот во себе!“, беа едни од најприсутните рекламни кампањи во минатиот месец. Со овие слогани, КБ Прво пензиско друштво и Нов пензиски фонд се обидуваа да ги убедат вработените по 1 јануари 2003 да се зачленат во овие друштва. Заклучно со 1 јануари годинава осигурениците требаа да го направат својот избор, а оние кои не се определиле ќе ги распредели државата И од двата пензиски фонда се согласни дека пензиската реформа се одвива добро и дека за сега не наидуваат на проблеми. Петар Талевски од Нов Пензиски Фонд објаснува дека тоа се должи на добрата соработка меѓу сите институции:

„Имаме одлична соработка и мислам дека и натаму соработката ќе биде на ниво за системот да функционира успешно.“

Првите уплати се очекуваат на крајот на месецов со јануарската плата, а уплатите ќе се вршат како и порано, на сметка на ПИОМ:

„За работодавците ништо не се менува. Тие како и до сега износот треба да го уплатат во ПИОМ, а потоа ПИОМ треба да ги префрли на индивидуалните пензиски фондови.“

И Јадранка Мршиќ од КБ Прво Пензиско друштво вели дека е задоволна од одзивот на поголемиот дел од осигурениците, но потенцира дека бројката сеуште не е конечна:

„Оние вработени од 1 арпил 2005 година имаат рок до март за да се пријават,“

вели Мршиќ и додава дека треба да се почека 30 јануари, датумот до кои тие очекуваат државата да ги распредели вработените кои не се одлучиле.
XS
SM
MD
LG