Достапни линкови

Надеж за подобро


Лошата економска ситуација, беспарицата, невработеноста, ова без исклучок е првата забелешка во мислите на граѓаните во обидот да се одговори на прашањето што најмногу ја одбележа 2005-тата, како и да се сумираат резултатите од неа. Општествено економската состојба е она што најмногу ги загрижува, притистинати од овие проблеми, кај дел од нив влева толкав песимизам што не веруваат дека состојбите би можеле да се променат.

„Сиромаштија, безработица, нечесно работење.“
„Парламентарците си изгласаа пензии со 25 години, а луѓето се во многу тешка ситуација.“


Економијата е најважна, но има И други приоритети кои се обидуваат преку ваквиот начин на сумирање на резултатите за старата 2005та да ја потсетат Владата, нејзините граѓани.

„Безбедносна најмногу ми пречи и се надевам на подобрување.“

Некаде помеѓу се поприсутниот песимизам, ретки, но сепак има грагани кај кои надежта, како што велат еве доаѓа и со доагањето на статусот на земја кандидат за членка на Европската Унија:

„Па, еве сега, како кандидат за членство во ЕУ можеби ќе се отворат повеќе вработувања и странски инвестиции.“
„Мислам дека со статусот ќе се отворат некои перспективи.“


Желбите за наредната година се помалку ги има, но токму загриженсота и беспарицата, воедно за нив претставува и најголема желба за новата 2006-та година. Секако има простор и за други желби.

„Здравје.“
„Подобар просперитет за младите.“
„Не очекувам подобрување во 2006.“


И покрај се поприсутната разочараност, а од неа и недостатокот на желби оние кои сеуште не ги напуштил оптимизмот, веруваат дека следните 365 дена ќе донесат барем нешто подобро од старата година, па некако по навика, барем во новогодишната еуфорија, дочекот на уште една нова година сепак не изминува без вообичаената честитка.

„Се нека биде добро за оваа година што замина, новата година нека биде уште подобра.“
XS
SM
MD
LG