Достапни линкови

Формирана Конфедерацијата на слободни синдикати


Донесувањето на законот за работни односи со кои се скратија правата на работниците, законот за пензионирање, измените на законот за служба во АРМ со кој цивилните лица и подофицерите во одбраната, ќе бидат прогласени за технолошки вишок, сите овие законски акти се донесоа во изминатиот период на штета на работниците, додека во Синдикатот траеа превирања и поделби, се почесто обвинуваат работниците во државава. Долготрајните поделби кулминираат со конечна поделба, од кој во иднина останува Сојузот на синдикати на Македонија и денешното формирање на Конфедерацијата на слободни синдикати. И од двете синдикални здруженија реториката се сведува на обвинувањата за формирање поради лични интереси, а во меѓувреме уверуваат дека вредно се работело и работниците во државава од нивните превирања не изгубиле ништо.

„Како процес одвојувањето на СОНК негативно се одрази на Сојузот на синдикати на Македонија, но не до таа мера до која посакуваа некои луѓе буквално да го разнебитат и растурат Сојузот на синдикати.“

Вели Пеце Груевски од ССМ. Во Конфедерацијата на слободни синдикати пак, чие основање се иницираше по одвојувањето на Синдикатот на образованието, науката и културата СОНК велат дека формирањето на ново здружение било неминовно поради недоволното застапување на интересите на работниците од страна на ССМ. Ристо Ајтов од синдикатот на одбраната кој учествува во формирањето на новата синдикална конфедерација потенцира:

„Се работи за вистински Синдикат во Македонија, кој работи на правата на работниците во државата и мислам дека не само нашите туку и од другите дејности ќе се приклучат во оваа Конфедерација, затоа што доста беше од тие стереотипи кои што го носат називот – Синдикат, како што е ССМ.“

Но, наспроти тврдењата на двата синдикати дека правата на работниците е на врвот на нивните интереси, работниците го тврдат спротивното. Веќе три месеци трае штрајкот на стечајните работници од Штип. Поради недостатокот на подршка од синдикалните здруженија, тие формирале свое посебно здружение во обидот нивниот глас да допре до Владата.

Тоа не доликува на луѓето кои што се во Синдикатот, вака да го одвојат народот односно работниците и воопшто да не ги застапуваат нивните интереси, а да ги застапуваат само своите лични интереси. Правата на работниците целосно ги занемарија.“

Изјавува Стојан Стојанов претседател на Здружението на работници со над 25 години стаж, но без регулиран статус, кој и денеска заедно со своите колеги протестира пред општината во Штип.
XS
SM
MD
LG