Новата 2006 ќе биде уште полоша за земјоделството, од минатата година. Според проценките на земјоделците, но на експертите, 2006-тата ќе биде дестимулирачка година. Перо Стојковски од регионалниот Сојуз на земјоделци Клас вели:
„Тој буџет очекувавме да биде поголем од досегашниот, а не намален како сега. Не гледаме ситуација како земјоделци за просперитетно земјоделство.“
Трајан Димковски е координатор на проектот за поддршка на земјоделските здруженија. Според него, конкурентноста на земјоделските производи ќе се намали и во земјава и во странство.
„Средствата се помалку ќе доаѓаат кај директните земјоделци. Ние се помалку ќе бидеме присутни на домашниот пазар, а камо ли да извезуваме.“
Според анализите на Димковски, наредната година помалку ќе се стимулираат програмите за развој на земјоделството.
„Ако директно се фокусираме на она што влијае во развојот на земјоделството ќе видиме дека за следната година се планира намалување од 24 насто од буџетот. Буџетот е тотално дестимулирачки за развојот.“
Иако Македонија треба да оди чекор напред со земјоделството, предложениот Буџет за 2006, ќе ја уназади земјата, коментираат земјоделците.
„Тоа значи дека ќе имаме помалку средства. Нема да имаме стимулација на производите. Ќе се откажуваме полека од земјоделството. Годинава со посевите на пченица сме 40 насто помалку и ќе биде уште пониско.“