Достапни линкови

Животот за милиони преживени никогаш повеќе нема да биде ист


Во земјите од југоисточна Азија кои беа погодени од цунамито денеска се одбележува една година од катастрофата во која загинаа над двесте и триесет илјади луѓе. Милиони други кои го преживеаа дваесет и шестти декември се уште се борат да се вратат кон нормалниот начин на живот. Но, за многумина, тој веќе никогаш нема да биде истиот.

Катастрофалните последици од цунамито што ги погоди крајбрежните делови на неколку азиски земји на Индискот Океан во почетокот изгледаа минорни. Но, со секој натамошен ден бројот на жртвите растеше неверојатно. Ужаснатиот свет слушна и виде како големиот бран избриша села, туристички места, хотели:

Тешко дека некогаш ќе биде познат конечниот број на загинатите и исчезнатите. Засега најчесто спомнуван податок е над дваесет триесет и една илјада сто дваесет и седум загинати. Индонезискиот регион Ачех, во близина на епицентарот на подводниот земјотрес кој го предизвика цунамито, беше најмногу погоден. Повеќе од половината од жртвите беа токму таму. Но, што со милионите други кои ја преживеаа несреќата? Хакан Бјоркман од канцеларијата на УНДП во Бангкок Тајланд вели дека последиците од цунамито уште многу време ќе се чувствуваат во регионот.

ѓето страдаат од траума, и ќе мине уште многу време за да се надмине тоа. Кога разговарате со луѓето се гледа дека тие се уште се шокирани, особено оние што загубија свои блиски.“

Санака Самарасина директор на УНДП во Шри Ланка пак, смета дека деведесет проценти од преживените се уште се под стрес.

„Фактот што луѓето живеат во привремени засолништа, со мали шанси да почнат да работат, води кон социјални проблеми.“

Во тринаесетте земји, погодени од цунамито, над милион и осумстотини илјади луѓе останаа без покрив над главата. Од нив само мал број добија нови домови. Од друга страна во цунамито загинаа многу повеќе жени од мажи. Тоа се објаснува со фактот дека жените останале дома и биле неподготвени за бранот. Сега има голем број на мажи кои останаа без своите сопруги и, како што велат експертите, со чувство на вина тешко се справуваат со проблемите. Постои уште еден извор на социјални поделби. Иронично, но тоа е меѓународната помош. Станува збор за над единаесет милјарди долари, рекордна сума на финансиска помош за некоја природна катастрофа во светот. Еве што вели Санака Самарасина директор на УНДП во Шри Ланка:

„Бидејќи помошта стигна во оваа земја веднаш за жртвите на цунамито, а не и за другите кои се погодени од воениот конфликт во Шри Ланка и на кои меѓународната заедница не им помогна многу во изминативе дваесетина години.“

Вели Самарасина, додавајќи дека тоа придонесе за љубомора кај дел од жителите кои не биле зафатени од, како што го нарекуваат, златниот бран.
XS
SM
MD
LG