Достапни линкови

Политичарите ветуваат, Македонија тапка во место


15 години македонските граѓани се надеваат на подобра иднина, по цена на многу откажувања за да ги почувствуваат придобивките. Оние што го почувствуваа најголемиот товар од реформите и преструктуирањето на општеството, од говорницата сеуште добиваат пораки, дека сегашноста не е подобрена и оти се вложува во иднината. Но, нивното верување дадено под хипотека, како што велат станува изневерено:

„Тие се политичари, мора така да кажат, а народот треба да почувствува. За сега, не сме почувствувале.“
„15 години не видовме подобрување.“
„Не размислувам на таа тема, не слушам вести и ветувања на политичари.“


Ветувањата се дел од политичката тактика. Насекаде во светот постои расчекор меѓу декларативноста на изјавите на политичарите и ралноста, но кај нас тоа е посебно изразено, вели Ферид Мухиќ, професор на филозофскиот факултет во Скопје:

„Во другите држави тоа не се забележува затоа што има движење напред. Ние предолго стоиме. Вистинскиот проблем не е толку во успешноста на говорите, туку во менувањето на реалноста, и работите што треба да се исправат, а за жал не се исправени.“

Ѓорѓи Иванон, профсор на правниот факултет се согласува дека проблемот не е во квалитетот на говорот, туку во недостатокот од дела:

„Која иднина. Ние не живееме во иднината, туку во сегашноста. Иднината е неизживеанат сегашност. Значи, ако ни а ваква сегашноста таква ќе е и иднината. Значи, не може да правите квантен скок и да вработите преку ноќ 400 илјади и да зборуваме мета физички.“

Но незавсно од декларативноста на пораките тие обврзуваат:

„Која влада во минатите 15 години излегла со програма во која точно се знае што ќе направи. Имаме ние до сега документ на основа на кој може некого да повикаме на одговорност? Гледајте ги последните кампањи какви беа – округло, па на ќоше, ЕУ и НАТО. Треба да создадеме европски амбиент, но го нема.“
XS
SM
MD
LG