Достапни линкови

Птичјиот грип можеби е способен да мутира и да стане отпорен и на Тамифлу


Владите во светот, поради страхувањето од можната пандемија на птичјиот грип, планираат да потрошат милијарди долари за да обезбедат резерви на лекот Тамифлу. За него се вели дека е еден од ретките кои се ефикасни против смртоносниот вирус Ха пет Ен еден од кој досега во Азија починаа седумдесет луѓе. Но, новото истражување покажува дека овој вирус можеби е способен брзо да стане отпорен на тамифлуто.

Приказната почнува во Виетнам каде што докторите се обидуваа да ги спасат животите на две тинејџерки заболени од птичјиот грип. Двете беа третирани со тамифлу. По неколкудневно подобрување на нивната состојба, таа нагло се влошила по што починале. Според познатиот ,,Д Њу Ингланд џрнал оф медисин,, вирусот Ха пет Ен еден мутира во нова верзија која е отпорна на лекот. Исто така се открива дека од осумте пациенти со птичји грип кои се лекувале со тамифлу, четворица починале. Тоа е соодветно со смртноста и кога птичјиот грип не се третира со тамифлу. Доктор Ан Москона од Универзитетот во Њујорк вели дека станува збор за вознемирувачки вести:

„Она што е застрашувачки во извештајот објавен во ,,Д Њу Ингланд Џрнал,, за случаите во Виетнам е тоа што тие биле третирани со целосни дози на Тамифлу. Значи и покрај таквото лекување, за кое мислевме дека е ефикасно, вирусот развил отпорност.“

Москона вели дека извештајот всушност сугерира дека владите треба да продолжат да прават резерви на тамифлу, но оти тоа не треба да го прави секој лично. Таа објаснува дека најдобар начин за борба против вискоотпорните вируси каков што е и птичјиот грип, па дури и сидата, е целосниот третман, што впрочем значи, навремена превенција. Проблемите доаѓаат кога луѓето почнуваат да си го делат со роднините и пријателите, земаат само половина доза и со тоа му даваат шанса на вирусот да мутира.

„Вирусите како грипот се менуваат многу бргу. Нивните гени постојано мутираат. Оние што им нудат предност во преживувањето веднаш стануваат дел од вирусот. Ако некој од вирусите го има генот со отпорност на тамифлуто, тогаш тој станува главен.“

Постои уште еден лек за кој се смета дека е ефикасен против птичјиот грип. Станува збор за Реленца на кој наводно вирусот тешко станувал отпорен. Единствена мана му било тоа што тој мора да се прима со вдишување и оти ги лекува само белите дробови. Како што е познато птичјиот грип ги напажа и другите органи во човечкото тело. Во сегашната форма птичјиот грип тешко се пренува од птици на луѓе. Најчесто тоа се случува кога некој долго време работо со птици. Но, научниците страхуваат дека би можело да дојде до глобална пандемија ако вирусот почне да се пренесува од човек на човек.
XS
SM
MD
LG