Достапни линкови

Укинување на воениот рок


Пратеничката група на ДУИ пред новогодишните празници до собранието ќе поднесе предлог за измени на постоечкиот закон за служење во АРМ со кој се предвидува укинување на воениот рок или целосна професионализација на армијата.

„Ние сме во последна фаза на подготвување на измените на Законот за служење на воен рок. Така што, верувам дека законот ќе биде готов да го поднесеме во собраниска процедура, целта ни е законот за служење редовен воен рок да се стави во мирување,“

вели координаторот на пратени~ката група на ДУИ Рафиз Халити. Во министерството за одбрана велат дека немаат ништо протов овие измени но оти претходно треба да се разгледа финансискиот аспект на овој проект.

„Имајќи ги во предвид новите надлежности на армијата со кои таа повеке нема класични внатрешни функции како што имаше порано и со меѓународните мисии со кој се бара да бидат целосни професионални мислам дека идеата е погодена, но треба да се рагледа финансискиот аспект на овој проект и доколку се покаже дека финансиските можности дозволуваат тогаш од страна на Министерството ќе нема проблем да се прифати овој предлог,“

изјави заменик министерот за одбрана талат Џафери.

Од ДУИ пак велат дека според нивните анализи ке нема финансиски пречки нивниот предлог да почне да се применува и порано од 2007 година:

„Според наши сознанија мислиме дека има услови и ние треба да работиме на што побрзо професионализирање на војската. Ќе ги исполниме стандардите што се бараат од НАТО и ќе придонесеме да бидеме рамноправна земја членка на НАТО.“

Заменик министерот Талат Џафери се повикува и на искуствата на другите зњмји членки на НАТО

„Во сите европски земји и членки на НАТО не постои обврска за служење во армија. Како што е познато едни од најдрадиоционалните земјо во оваа област Послка и Чешка ја имаат ставено во мирување оваа одредба за служење во армијата, истотака и нашиот сосед Бугарија исто така работи на тој правец и мислам дека ова за нас преставува предизвик со кој ке треба да се соочиме,“

вели Џафери. Инаку претходно и претседателот на државата Бранко Црвенковски заговараше и побара целосна професионализација на Армијата и укинување на воениот рок во март 2006.
XS
SM
MD
LG