Достапни линкови

Реформи и зголемување на ефикасноста на пазарот за подобрување на рејтингот


Реформа на економската политика, усвојување на правилата и прописите на Европската Унија, воведување на едношалтерскиот ситем и други видови поволности за привлекување на странски инвестиции, развојот на иновативноста на технологиите, ефикасност и квалитет на јавните интитуции и бизнис кадарот, ова се дел од забелешките што државава мора да ги спроведе за подобрување на конкурентноста на македонската економија која според мерењата во првиот Национален извештај беше рангирана на 85-тото од вкупно 117 земји, според индексот на пораст на конкурентноста.

,,Ова е едно место подолу од претходната година. За да се трансферираме кон следното ниво, а тоа е нивото на економии според ефикасноста, потребно е високообразование и обука, ефикасност на пазарите и технолошката подготвеност,“

вели Дејан Јаневски консултант на Националниот совет за претприемништво и конкурентност. Тој забележува дека меѓу другите, главната болка на економијата во државава е токму технолошката подготвеност која е битен фактор за подобрување на конкурентноста:

,,Тука имаме многу ниски вредности на индексот, многу слаби резултати. Значи се што опфаќа трансфер на технологија, која што пак доаѓа од добри кавлитетни странски инвестиции, до употреба на нови технологии на ниво на фирми, до иновативна клима итн.“

Економските експерти се согласуваат со низата забелешки кои се одлика на економијата во земјава, но истакнуваат дека реформите не ќе можат да се спроведат без едуциран бизнис кадар. Борко Ханџински од Центарот за економски анализи истакнува :

,,И да имавме денеска едношалтерски систем и да имавме релативно добар судски систем и се она што треба да се направи, повторно во земјата немаше да има некоја промена, бидејќи тогаш послабата алка во синџирот ќе биде капацитетот на менаџерите.“

Врз конкурентноста има влијание и кредитниот рејтинг. Според последните мерења, Македонија е рангирана на највисокото место на земји во кои е ризично да се инвестира.
XS
SM
MD
LG