Достапни линкови

Поддршка за статусот кандидат за членство на Македонија


Евроатлантските интегративни процеси на трите земји и можноста за размена на искуства и соработката на тоа поле, се главна тема на која во Охрид разговараат претседателите на Македонија Бранко Црвенковски, на Србија Борис Тадиќ и на Бугарија Георги Прванов. Како што соопштуваат од Кабинетот на македонскиот претседател Црвенковски, во Охрид тројцата претседатели ќе се осврнат и на регионалната соработка, со посебен акцент на реализацијата на инфраструктурните проекти, како и за функционирањето на еврорегионот. Но, според очекувањето на оваа средба, српскиот претседател Борис Тадиќ ќе се обиде да го убеди неговиот македонски колега дека Србија нема вмешано ,,прсти,, во противењето на Франција, Македонија да добие статус на земја кандидат за членство во Европската Унија, како што тоа неодамна во телефонскиот разговор со македонскиот министер за надворешни работи Илинка Митрева го стори српскиот министер за надворешни Вук Драшковиќ.
Не сме винови за француското ,,не,, Србија ја поддржува Македонија за членство во Европската Унија гласеше реакцијата на Драшковиќ, по неофицијалните информации дека зад француското ,,не,, стои длабока врска со Србија.
Освен Тадиќ и бугарскиот претседател Георги Прванов се очекува да го потврди ставот на неговата земја, дека Македонија ја ужива целосната подршка на Бугарија во нејзините напори за членство во ЕУ. На средбата во Охрид, настрана евроинтеграциите ќе се зборува И за косовското прашање и почетокот на разговорите за конечниот статус. Трилатералната средба на претседателите на Македонија, Србија и Бугарија е продолжение на досегашната практика на комуникација на тројцата претседатели, а овој пат таа се реализиара по иницијатива на македонскиот претседател Бранко Црвенковски.
XS
SM
MD
LG