Достапни линкови

Целта е елиминитање на можностите за ексалација на инцидентите во посериозни насилства


Полицијата на Косово ги засили мерките за безбедност на целата територија со цел да бидат спречени можните инциденти за време на преговарачкиот процес за идниот статус. Со таквите мерки треба да бидат елиминирани можностите поединечните инциденти на Косово да ексалираат во пошироки насилства.

Ширум Косово забележливо е зголеменото присуство на припадниците на косовската полиција како одговор на одлуката на УНМИК за зајакнување на безбедноста поради последните инциденти. Пред нападот врз автобусот во саботата кај Призрен, непознати напаѓачи во село Сушица, кај Грачаница, во близина на училиштето ранија едно момче од српска националност, а неодамна кај Газиместан беше каменувано едно комбе. Портпаролот на УНМИК Реми Дурло оцени:

„Ваквите инциденти покажуваат дека за време на процесот за решавање на статусот некои поединци или групи ќе се обидат да го спречат Косово на неговиот пат кон крајната цел. Ним не им е битно кој ќе биде повреден, но таквите провокации не смеаат да се толерираат.“

Поради таквиот развој, превземени се мерки за зголемување на бројот на полициски патроли и пунктови. Претставникот на УНМИК Нираџ Синг прецизира:

„Фокусот е ставен врз потенцијално чувствителните области, како што се училиштата и верските објекти. Тоа е важно за да се обезбеди довербата на етничките заедници во безбедноста и да се спречат натамошните насилства.“

Според Синг, ова е време кога Косово влегува во фаза на решавање на статусот и оттаму може да дојде до провокации од сите страни, но насилството мора да биде спречено. Според оценката на Авни Арифи, советник на косовскиот премиер, процесот за дефинирање на косовскиот статус е јасен и затоа не треба да се очекува заострување на безбедносната ситуација.

„Не веруваме дека ќе дојде до влошување на ситуацијата на теренот со оглед на тоа што сме убедени дека станува за јасен процес кој ќе води кон независност.“

И Синг оценува дека народот на Косово покажал дека ги отфрла насилствата и оти шпекулациите за пошироки нереди нема да се остварат.
XS
SM
MD
LG