Шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ не постигнаа согласност околу статусот кандидат за членство на Македонија. Франција денеска на состанокот на Советот на министри на Европската унија спречи усвојување на одлуката со која на Македонија би требало да и биде одобрен статус на земја-кандидат за членство во ЕУ, јавија агенциите од Брисел..
Францускиот министер за надворешни работи Филип Дуст-Блази, образложувајќи го ставот на својата земја, рече дека сега не е најдобар момент за таква одлука, зашто тоа би значело дека ЕУ започнува нов бран на проширување.
„Прашање е дали треба да започнеме нов бран на проширување на Европската унија и да примаме нови членки, пред да го решиме интерниот проблем на функционирање на Унијата",
рече Дуст-Блази.
„Македонија треба да се охрабри и тука нема никаков сомнеж. Но, треба и да се биде одговорен и најпрво да се стабилизира Европската унија по последниот бран на проширување,"
додаде шефот на француската дипломатија.
Кабинетот на високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана соопшти дека конечното мислење по препораката на Европската комисија за македонската апликација за членство во Унијата ќе го донесе Европскиот совет на состанокот што започнува в четврток.