Достапни линкови

Патната инфраструктура под концесија


Владата најавува издавање под концесија на патната инфраструктура. За Радио Слободна Европа Министерот за транспорт и врски Џемали Мехази вели дека преку давањето под концесија, односно примената на еден од моделите како приватно јавно партнерство, ќе биде поефикасно одржувањето, развојот и изградбата на патната инфраструктура. Според Министерството за транспорт и врски ова би било со цел развој на патната мрежа долж Коридорите 8 и 10.

,,Повеќе како можност за побрз и поефикасен развој на овие Коридори, тоа е така нареченото промовирање на приватното јавно партнерството односно можноста за издавање под концесии на одредени делници и изнаоѓање на одредени заинтересирани компании кои би можеле да се вклучат во развојот.“

потенцира министерот Џемали Мехази.

Но, експертите посочуваат дека пред да размислува за издавање на автопатиштата, државата мора да изгради алтернативна патна мрежа, со што на граганите ќе им се овозможи избор во висината на цената, која ќе треба да ја издвојат за плаќањето на патарината.

,,Меѓутоа за да може да се наплатува патарина за тие патишта, потребно е да бидат изградени алтернативни патишта, односно на корисникот на тие патишта, а тоа е граѓанинот како корисник во сообраќајот, да му се овозможи избор околу тоа дали ќе се вози по автопат и ќе плаќа за услугите или ќе се вози на алтернативен пат кој треба да има прилично солидни услови за одвивање на сообраќај. Претпоставувам дека државата од ова ќе има корист, од причини што грижата ќе ја префрли на некој друг, односно на концесионерот кој има обврска да го изгради патот, да го одржува и нормално да ги ,,собира,, приходите од користењето на патот. Меѓутоа колкава корист од сето тоа ќе имаат граѓаните, неможам да предвидам, бидејќи концесионерот ќе си има некои свои интереси и можно е тој да наплатува повеќе од она што граѓанинот може да поднесе.“

вели Александар Мешко од Институтот за урбанизам и сообраќај. Приватното партнерство или концесионерството на патната мрежа, не е карактеристично во светски рамки. Тоа иако во ретки случаи се применува единствено во посиромашните земји во развој.

,,Ова е вообичаено за сиромашни земји каде што надворешни концесионери откупуваат право на користење на патната инфраструкутра, вложуваат средства итн. Во една таква ситуација сме и ние.“

цаклучува експертот Мешко.
XS
SM
MD
LG