Достапни линкови

Дали внатрешните проблеми ќе ја одложат одлуката за статусот на Македонија?


Во пресрет на донесување на одлуката за кандидатски статус на Македонија на самитот на ЕУ, аналитичарите во земјава оценуваат дека државниот врв и воопшто јавноста ги интензивира активностите за подобрување на имиџот на земјава:

„Она што можеби не е сработено во овој период и можеби малку порано требаше да го направиме, е да речеме често пати и забележувавме како Австрија ја призна кандидатурата на Хрватска, ние знаевме да го толкуваме тоа заради не знам сојуз меѓу Австрија и Хрватска итн, меѓутоа, мислам дека има друга работа којашто је превидуваме, а тоа е местото и улогата на хрватската дијаспора во Австрија. Другите западно европски земји што ги имаме коишто можат да придонесат за поддршка на Германија, Австрија и други земји,“

изјави Ило Трајковски, професор на европските студии при филозофскиот факултет во Скопје.

Претставниците на македонскиот државен врв сметаат дека секоја земја е потенцијален стратешки партнер на Македонија:

„Република Македонија во контактите со земјите членки на ЕУ се обидува да добие поддршка од што поголем број членки на европското семејство,“

вели Татјана Лопарски, портпарол на кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски.

Со приближувањето на датумот на одржување на европскиот самит во јавноста се посочува дека несогласувањата околу донесувањето на буџетот на ЕУ можат да влијаат за донесување на одлуката за кандидатски статус, што според најавите треба да се донесе на самитот за 15 декември. Некои пак проценуваат дека е можно одлуката да биде донесена во понеделник кога ќе се состанат министрите за надвпорешни работи на земјите членки на ЕУ, со цел акцентот за самитот да се стави на внатрешните прашања. Во владата велат дека движењето на Македонија кон европскиот структури не зависи само од тоа што се случува во земјава, туку и од тоа како се развиваат односите во Унијата:

„За жал одлуката за статусот на кандидат ќе се носи во услови кога Унијата се соочува со многу тежок проблем и ние неколкупати споменавме дека ова прашање може да ги доведе во прашање сите други теми на европскиот самит,“

изјави за телевизијата Канал 5, Радмила Шеќеринска, потпретседател на владата задолжена за европска интеграција на земјава. За тоа што ќе значи за земјава евентуалното непотврдување на пораката на ЕК на овие средни професорот Трајковски вели:

„Многу лош сигнал ќе биде. Мислам дека тоа нема да се случи иако постојат внатрешни отпори.“
XS
SM
MD
LG