Достапни линкови

Процесот почна, опозицијата негодува


Министерот за Економија Фатмир Бесими одби да одговори на прашањето дали е објавен тендерот за продажба на Елекстростопанство на Македонија иако за тоа веќе јавија неколку домашни новински агенции.

„Не сум техничко лице во министерството. Ние сме максимално транспарентни и го знаете официјалниот став за процесот, и јас сега нешто посебно во врска со тој процес не можам да кажам затоа што сум и временски ограничен.“

Истовремено собранито денеска ги усвои измените и дополнување на законот за преобразба на елекстростопанството без кои првично беше кажано дека нема да може да се објави тендерот за пред само два дена Министерот за економија Бесими да се предомисли и го смени ставот.

Одлуката на владата за приватизација на електростопанство предизвикува раеакции меѓу стручната јавност, опозицијата и граѓаните.

„Да влезе во процес на приватизација е добро и за нас и за системот. Ама, процес на приватизација и продажба не е исто. Процес на приватизација значи реорганизација и модернизација,“
објаснува Атанско Туневски од ВМРО ДПМНЕ и додава дека овој начин може да донесе неповолности за граѓаните како поскапување на струјата и отпуштање на многу вработени. Тој обвинува и за нетраспарентна продажба.

Инаку Според Информацијата усвоена на вчерашната владина седница, до крајот на месецов ќе се изврши еваулација на заинтересираните странски инвеститори и ќе се подготви листа на квалификувани инвеститори, на кои ќе им се достави целокупната тендерска документација. Согласно планот за реализација на овој проект целокупната постапка треба да заврши до крајот на март следната година.
XS
SM
MD
LG