Достапни линкови

Дајте му шанса на мирот!


Денеска 8 декември се одбележуваат 25 години од смртта на Џон Ленон. Преку архивските снимки за Ленон битлсот, уметникот и главниот анти воен симбол на времето кое го одбележа.

Легендарниот битлс Џон Ленон имаше нешто повеќе од 40 години кога беше убиен од Марк Чепман во својот стан во Њујорк. И ден денеска неговите фанови се обидуваат да ја разберат бесмисленоста на неговото убиство од страна на психички растроениот Чепман. За Ленон се напишани книги, снимени се филмови. За неговиот живот, за браковите со Синтија Ленон и Јоко Оно За значењето на неговата музика и музиката на Битсли не мора многу да се говори. Деценија пред да биде убиен Ленон беше запрашан по што би сакал да биде запаметен доколку ненадејно умре. Без размислување рече ,, Како голем миротворец.

„Се што велиме е дајте му шанса на мирот.“

„Ние се надеваме да постигнеме мир, навистина. На тоа сме посветени. Симболично, наместо да скршите прозорец на продавница, пуштете долга коса заради мирот. Осатнете во кревет заради мирот. Вие знаете, направете нешто што не ќе може да биде смачкано – уништено.“


Неговата Имеџин е визија од раните 70 години на минатиот век за утописки свет неподелен со религии, национални идентитети или натпревар за материјални богатства. Музиката на Џон Ленон и натаму го погодува светот со својата универзална порака. Компилацијата од најдобрите хитови на Битлси пред пет години се продаде во десет милиони копии.
XS
SM
MD
LG