Достапни линкови

ДУИ тврди дека СДСМ го одложува донесувањето на законот плашејќи се од пораз на изборите


Владеачката СДСМ гледа да го одложи законот кој се однесува на употребата на албанскиот јазик плашејќи се дека тој би можел да им донесе пораз на следните избори, вака пишува во последниот извештај Балканската Истрачувачка Мрежа но со тоа се согласуваат и во ДУИ нивен коалициски партнер во владата.

ДУИ на конгресот одржан минатиот месец во усвоената програма како еден од своите приоритети ја наведува и употребата на албанскиот јазик како втор официјален јазик во земјата, вклучувајки ја и полицијата и армијата.

„Иако сме коалициони партнери, до сега, не ни е јасно, зошто и законот за употреба на вториот службен јазик не е во процедура во Собранието.“

Но, во СДСМ каде не сакаат јавно да зборуваат велат дека албанските барања се преголеми, такви што нивното исполнување би значело давање на дополнителна муниција на опозицијата во пресрет на изборите, но истовремено, стравуваат дека обидот да го затворат прашањето би можел предизвика дополнителни судири во самата коалицијата. Така мисли и Абдуљади Вејсели од опозициската ПДП

„Јас сум песимист дека овој состав на Собранието ќе може да донесе таков закон, поради внатрешните несогласувања во коалицијата.“

Инаку според програмата за работа на владата, генералниот закон насловен како „закон за употреба на јазиците на заедниците" требаше да биде усвоен во јуни. Но откако ДУИ покажа дека сака со овој закон албанскиот јазик да стане втор службен јазик не само на локално ниво туку и во целата земја, неговото усвојување најнапред беше одложено за септември, а потоа до крајот на годинава.

„Законот за употребата на јазиците во министерството за правда како што е договорено од политичките фактори ќе биде подготвен до почетокот на декември затоа што треба да се усвои до крајот на годинава,“

изјави кон крајот на октомври портпаролката на министерството за перавда Убаква Матевска. Но досега не се остварија нивните ветување.
Освен македонскиот партии на власт И опозициските се против донесување посебен закон за употреба на јазиците

„Нема потреба од закон за јазици, затоа што во сите закони таа одредба е влезена и нема потреба од специјален и посебен закон,“

вели Жарко Караџовски од ВМРО Народна.
XS
SM
MD
LG