Достапни линкови

Внатрешни и надворешни цели поврзани со политичка борба


Случајот со претседателот Бранко Црвенковски и поранешниот премиер, а сега прв човек на Комерцијална банка Хари Костов за кои неделникот „Фокус“ објави дека имале непријавени сметки во женевската Американ експрес банка на дневен ред пред Државната антикорупциска комисија која е надлежна да ја утврди фактичката состојбата и врз основа на тоа се утврдуваат понатамошните постапки:

„Одлуката може да биде пред се во делот на дополнителна проверка. Зборувам хипотетично, ако нешто се покаже за точно, дополнителна проверка на подносителот на анкетниот лист. Инаку, УЈП ја прави контролата по сопствена иницијатива или по барање на државната комисија. Инаку, во спротивен случај, ако не се потврдат наводите во написот, останува комисијата да го констатира тоа, ќе ја извести јавноста и останува прозваниот и медиумот да ги расчистат релациите,“

изјави Драган Малиновски претседател на Комисијата. Адвокатот Јово Јоанидис смета дека во овој случај републичкиот јавен обвинител треба да покрене постапка:

„Надлежен за покренување постапка е јавниот обвинител.“

Аналитичарите велат дека најчсто во покренувањето на вакви случаи има повеке мотиви, но не прецизираат од каде потекнуваат

„Лансирање на една ваква шпекулација, кога станува збор за претседател на држава, не може да не се поврзе и со подлабоки мотиви и цели.“

„Политичките борби внатре, па и надвор од земјата.“


изјавија Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии и Јобо Јоанидис.
XS
SM
MD
LG