Министерот за Одбрана Јован Манасијевски ќе ја претставува нашата земја на средбата на министрите за одбрана од 13 држави од Југоисточна европа што денеска започнува во Вашингтон. На дводневната средба во Вашингтон за прв пат во регионалната група за безбедност ќе учествува и Украина. За аналитичарите во земјава ваквите средби се само продолжување на континуитетот на мултилатералната соработка во рамките на НАТО и не е случајоно што САД се појавуваат како координатори на ваквите средби.
„Секако не е случајно тоа што САД ги координираат ваквите средби. Во самата средба не гледам ништо значајно, освен фактот што на средбата се вклучуваат и нови држави. Тоа индицира и мала пронена во фокусот во однос на следното проширување на НАТО.“
вели професорот Билјана Ванковска. Меѓу прашањата што ќе бидат разгледани на оваа средба чиј домаќин е американскиот секретар за одбрана Доналт Рамсфелд се разоружувањето, безбедноста на границите, мировните мисии и регионалните воени вежби.
Инаку прв пат САД ќе бидат домаќин на ваков настан. Средбите на министрите започнаа пред една деценија како реакција на сложената ситуација на Балканот по распаѓањето на Југославија. Италија, Грција, Турција, Албанија, Бугарија, Романија, Македонија, Словенија, Хрватска и Украина се полноправни членки на групата. Босна и Херцеговина и Србија и Црна Гора ќе присуствуваат на средбата како специјални гости, а Молдавија во својство на набљудувач.