Секоја година околу 130 000 луѓе во светот страдаат од трауматски повреди на рбетниот столб, што ги принудува да останат во инвалидски колички до крајот на животот. Најмногу повредени има на возраст од 33 години, а тие најчесто се резултат на сообраќајни несреќи. Се досега непостоеше лек за нив. Но, британскиот неврохирург Др. Џефри Рејзман од Унизерзитетот во Лондон, планира да започне клинички испитувања во кој ќе ја примени новата техника за трансплантација на нерви, а тоа пак ќе овозможи парализираните лица повторно да проодат.
„Проблемот со повредите на рбетниот столб и мозокот е дека тие ги оштетуваат нервните влакна и ја спречуваат нивната функција. Патот по кој патуваат нервите е главен и ние мораме да работиме на негово поправање за да можат повторно да пораснат нервните влакненца.“
објаснува др. Рејзман
Пред две декади тој открил дека нервните клетки во носот континуирано се обновуваат. Благодарение на најновите достигнуваœа на медицината, тие клетки можат да се преместат од носната шуплина во лабораторија, а по нивното созревање таму да се трансплатираат во оштетениот рбетен столб. Рејзман вели дека во првичните клинички испитуваœа ќе бидат вклучени мал број на пациенти кои неодамна доживеале траума.
„Почетната цел на човечките испитуваœа ќе биде мал број на пациенти, најверојатно десеттина кои имаат такви повреди во кои нервните влакненца биле скинати од рбетниот столб, што вообичаено се случува при сообраќајните несреќи. Нив ќе ги оперираме веднаш по здобиената повреда,“
вели др. Рејзер и додава дека во иднина ваквите медицински зафати ќе овозможат санирање на сите повреди на рбетот, како и на многу видови мозочни оштетуваœа. Ако пробните операции успеат, потенцира Рејзман, тоа ќе им подари нов живот на онеспособените лица.