Достапни линкови

Довербата полека се враќа, но граѓаните немаат пари за штедење


Штедилницата ТАТ, заробени девизи во банките по осамостојувањето на Македонија, ги потресоа граѓаните и придонесоа тие да ја загубат довербата во финансиките институции. Така нареченото чување ,,пари под перница,, стана нормална појава за нашите граѓани. Некој од нив веќе и ги изгубиле парите кои ги заработувале целиот свој живот:

„Јас се напатив од Комерцијална банка. Ми ги заробија девизите, токму кога немав пари, кога децата не работеа, ние неможевме да ги извадиме девизите.“

Сега вели таа нема ниту што да заштеди:

„Сега што да штедам, децата не работат, од пензија живееме. Леб ли да купам, сметки ли да платам, децата ли да се школуваат, а не пак, да штедам.“

И поголемиот дел од граѓаните велат немаат пари ниту да преживеат, а камоли да штедат. Но и доколку имаат, доверба во штедилниците немаат:

„Не воопшто. Приватно работам, ама не штедам, ги вложувам во имот.“

„Во банка не, немаат луѓето доверба бидејќи имаше многу афери.“

„Немам доверба ниту во Владата, ниту во банките, ниту во штедилниците.“


Мал дел од нив пак, сметаат дека работите се смениле и дека сега финанските институции се стабилни и сигурни:

„Немам пари и немам што да штедам, инаку имам доверба, сепак тоа си е банка.“

„Се зголеми довербата добро е сега.“


Од штедилницата Можности потврдуваат дека граѓаните во последниве неколку години во се поголем број се одлучуваат да им ги доверат парите кои ги заштедиле:

„Од кога постои Можности имаме многу штедачи, прибираме штедни влогови со поволни каматни стапки, исто така интересот е голем. Довербата во последните две години се враќа во финансиските институции и воопшто во штедењето. Ние сме многу задоволни од одзивот на нашите штедачи.“

вели Сузана Костова службеник во Можности.
XS
SM
MD
LG