Достапни линкови

Во нормална држава не може да дојде до несогласувања меѓу обвинителот и антикорупциската комисија


Меѓународните фактори многу пати и посочија на Македонија дека треба преземе поактивна борба против корупцијата. Но, надлежните истутуции за од оваа област антикорупциската комисија и јавното обвинителство се во конфликт веке подолго време. Зоран Јачев од Транспарентност-Македонија смета дека во нормална држава не може да дојде до такви несогласувања

„Ако се работи за институции коишто треба заеднички да се борат против криминалот и корупцијата ништо друго не треба да има освен професионална соработка. Конфликтот е илузорен и беспредметен. Покрај МВР, главните две институции во државата коишто се борат против корупцијата во државата се токму обвинителството и анти корупциската комисија, така што, нивната соработка, до сега можеше да вроди со многу поголем плод.“

вели Јачев и потенцира дека иако премиерот Владо Бучковски не е надлежен за нивната работа сепак добар потег е неговата денешна средба со првите луге на овие инситуции Александар Прчевски и Драган Малиноски

„Нивната законска позиција е многу јасна, и тие треба да соработуваат. Лошо е што треба некој да посредува меѓу нив, но добро е што најпосле некој ќе ги смири и ќе почнат да соработуваат, па макар тоа бил и премиерот.“

И Џевдет Хајредини претседател на поранешната организација Македонија без корупција се согласува дека кога веке постои проблемот некој мора да седне на маса и да го реши. Но, според него за оваа ситуација покрај личностите кои што ги водат институциите виновна е и законската регулатива врз која е поставена антикорупциската комисја:

„Нелогична ситуација, еднаш анти корупциската комисија вели дека предметите што ги праќаме до обвинителството не влегуваат во постапка, друг пат вели, обвинителството не ни праќа нас предмети. Очигледно станува збор за недоволно дефинирани надлежности во законската регулатива, мислам на анти корупциската комисија, зашто обвинителството сепак е стара институција. “

објаснува Хајредини и додава дека конфликтот не е изгубено време во борбата против корупцијата

„И да беше тоа се во ред мислам дека е очигледно дека анти корупциската комисија не е добро поставена и не е регулирано, нивните задачи и делокруг.“

Според истражувањето на Транспарентост, Македонија по корупцијата е на 103 место во светот. Во регионов пак е на деветото место и после неа е само Албанија.
XS
SM
MD
LG