Достапни линкови

По еден час судењето одложено за 5 декември


Поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин денеска повторно се појави пред судот во процесот што се води против него и против уште седумина негови соработници. Но, само по еден час, судењето беше повторно одложено. Продолжението е закажано за петти декември.

Садам Хусеин и неговите соработници се обвинети за масакрот на сто и четириесет и осум шиити во селото Дуџаил во почетокот на осумдесетите години од минатиот век. Обвинетите претходно веќе се изјаснија дека се невини. Судењето почна на деветнаесетти минатиот месец, но тогаш беше одложено за четириесет дена по барање на адвокатите на обвинетите со цел да ја подготват одбраната на нивните клиенти. И ова продолжување беше прекинато и тоа само еден час по неговото започнување. Шефот на одбраната Калил ал Дулами објасни дека присуството на американскиот главен обвинител Ремзи Кларк и на уште неколкумина странски адвокати било по барање на Хусеин:

„Мојот клиент господин Садам Хусеин постојано бараше од истражните судии покрај домашни да присуствуваат и странски адвокати. “

Изјави Дулами. За време на судењето Садам Хусеин аргументираше со главниот судија поради тоа што во судницата бил донесен со лисици на рацете и оти му биле конфискувани материјалите за пишување.

„Вие сте врховен, ирачанец, а тие се странци, окупатори и непријатели. Мора да им наредите што да прават.“

Рече Хусеин. Инаку, повторното одложување на судењето, како што е соопшено, било со цел да најде замена за двајцата убиени адвокати на одбраната. Во меѓувреме, ирачката одбрана соопшти дека успела да спречи заговор за убиство на главниот истражен судија. Притоа биле уапсени осумина сунити.
XS
SM
MD
LG