Достапни линкови

Македонија продолжува со реформите за влез во НАТО


Неговата посета е со цел да ги потсети македонските власти дека треба да продолжат со работа и спроведување на потребните реформи за членство во НАТО.
Мерсел Биљали советник на премиерот Бучковски вели дека освен реформите во одбраната, останатиот дел е речиси идентичен со реформите кои се бараат и од страна на ЕУ:

„Голем дел од реформите, било кадровски, било технички веќе се направени. Некои обврски се наши обврски во делот за членство во ЕУ, во однос на функционирањето на институциите, правната држава итн. Но, сепак се прават напори за нивно спроведување.“

вели Билали, кој потсетува дека одлуката за членство во НАТО Алијансата сепак е политичка одлука:

„Треба да се согласиме дека сепак се работи за политичка одлука и политички проценки во регионот и пошироко. Така, да се надеваме дека во скоро време ќе бидеме членка на НАТО.“

На ова неодамна потсети и преставникот на НАТО Џорџ Каксирдакис кој учествуваше на конференцијата на земјите потписнички на Јадранската Повелба во Скопје:

„Ние сите се надеваме дека проширувањето ќе се случи во 2008 година, на Самитот на НАТО. Но, се разбира одлуката за членство во НАТО е политичка и ние не можеме да предвидиме каква ќе биде таа, но сигурно повторно ќе се демонстрира политиката на отворени врати која сеуште е валидна.“

рече Каксирдакис.
Иако регионалната соработка на земјите од Јадранската група и воопшто на земјите од регионот е од исклучително значење, сепак САД и НАТО ќе ги ценат индивидуалните постигнувања на секоја од земјите аспиранти за членството во НАТО. За време на престојот во земјава, заменик генералниот секретар на НАТО Алесандро Минуто Рицо се сретна со претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, премиерот Владо Бучковски, министрите за надворешни работи и за одбрана Илинка Митрева и Јован Манасијевски и со претседателот на Собранието Љупчо Јордановски.
XS
SM
MD
LG