Достапни линкови

Финансиска помош за јужните соседи на ЕУ за забрзување на демократските промени


Европската Унија во иднина ќе користи ветувања за финансиска помош како еден од начините за забрзување на демократските промени кај нејзините јужни соседни земји и за поголема посветеност на борбата против тероризмот. Ова ќе им го вети претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо на 10-те Медитерански држави кои во понеделник ќе се состанат во Барселона.

Доколку се погледне на односите меѓу Европската Унија и нејзините Медитерански соседи, од Мароко до Сирија, во изминативе десет години станува јасно дека тие се под очекувањата. Затоа можеби Европската Унија реши во иднина парично да ја наградува нивната соработка во борбата протов тероризмот и илегалната имиграција. Се верува дека на таков начин најдобро ќе се обезбеди и развој на демократијата и пазарнотос стопанство во тие земји. Новиот финансиски морков, според претседателот на Европската Комисија Баросо, ќе биде фокусиран врз промовирањето на политичките и економските реформи.

„На самитот ќе се согласиме да помагаме во промоцијата на подобро раководење, на посилна демократија и на почитување на човековите права, а тука пред ги спомнувам правата на жените. Оние земји што ќе преземаат конкретни напори ќе можат да сметаат на финансиска поддршка од Европската Унија.“

Изјави Баросо. Извори во Брисел валат дека станува збор за значително зголемување па и дуплирање на сегашната помош за Медитернските партнери која за периодот две илјадита, две илјади и шеста година изнесува над осум милијарди евра. Еврокомесарот за надворешни работи Бенита Фереро Валднер прецизира дека Унијата ќе биде посебно дарежлива во врска со зголемувањето на можностите за едукација на младите од подсахарските држави. Тоа, според неа, ќе биде уште една мерка за намалување на бројот на илегалните имигранти од овие земји во Европа. Унијата исто така, изрази надеж дека на самитот ќе биде договорен и таканаречен антитерористички кодекс со кој ќе се предвидува размена на информации, одбивање на азил за осомничените за тероризам и нивно апсење.

„Мислам дека арапските земји би требало да имаат полза од можноста да се дистанцираат од идејата дека постои врска меѓу исламските земји и тероризмот. “

Вели претседателот на Европската Комисја Хозе Мануел Барос, наведувајќи дека за тоа во многу придонесуваат и изјавите на лидерите на некои исламски земји. Како пример тој го спомна повикот на претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад за бришење на Израел од картата на светот.
XS
SM
MD
LG