Достапни линкови

Опозицијата нема да отстапи од своите забелешки


Уставните амандамни конечно пред пратениците. Тие раправаат по 12 Предлог-амандмани кои ги изготви Министерството за правда, а Владата ги прифати на седницата одржана на 4-ти овој месец. Со дел од нив не се согласува опозицијата која ке интервенира со свцој амандмани бидејки како што велат нивните забе;ешки се принципиелни

„Ние нема да отстапиме од амандманите коишто ги имаме предложено, кои се однесуваат на амандманот 28, којшто се однесува на функционирањето на судскиот совет во Република Македонија. Сметаме дека претседателот на Врховниот суд и министерот за правда не треба да бидат членови по функција во Судскиот совет на Република Македонија. А, во уставот изрично да биде кажано дека претседателот на РСС треба да си го бираат самите членови на судскиот совет. Нашите забелешки се принципиелни. Не се однесуваат на тоа дали ВМРО-ДПМНЕ утре ќе биде на власт или било која партија, едноставно сакаме независност на судството од извршната власт.“

вели координаторот на пртатеничката група на ВМРО ДПМНЕ Силвана Бонева.

Од првично предложените 15 Нацрт-амандмани на Уставот повлечени се амандманите во врска со прашањата за судење во разумен рок, за изборот на претседател на Република Македонија во вториот круг без цензус, како и Нацрт-амандманот со кој се предлагаше првиот мандат на судиите да е со ограничено траење.

„Целта на овие реформи во судството е јакнење на независноста од една страна и зголемување на ефикасноста.“

изјави министерот за Правда Мери Младеновска Георгиевска откако уставните амандмани поминаа на владина седница. За опозицијата доколку не се прифатат нивните забелешки тогаш нема да се постигне оваа цел

„Како што се предложени амандманите ние мислиме дека повторно извршната власт го задржува влијанието во судството.“

вели Бонева. Инаку со цел да ги обезбеди и гласовите на опозициските пратеници премиерот Владо Бучковски најави дека е подготвен да направи дополнителни остапки, но опозицијата смета дека се работи за минимални остапки кои не се од суштинско значење .
Инаку за да бидат усвоени, уставните амандмани треба да бидат поддржани од најмалку две третини од пратениците. Владеачките партии досега имаат сигурни 74 гласа за да поминат уставните промени неопходни се И гласовите на опозицијата.
XS
SM
MD
LG