Секојдневно одење во надлежните институции, прашување што документи се потребни зошто никој не кажува, ниту можат да се најдат некаде вакви информации, вака накратко го коментираат дел од граѓаните процесот на денационализација во земјава или оние кои бараат од државата да им го врати одземеното земјиште. И сето ова велат тие трае по неколку години. Според законот за денационализација што стапи на сила во 2000 гдина на некои повторно им се доделува одземеното земјиште, некои пак добиваат обврзници доколку на земјиштето се изградени објекти и слично. Граѓанин од Скопје вели чекав три години да се реши предметот и откако беше донесена одлука од надлежната комисија, таа беше стопирана од државниот правобранител. Значи една државна институција ги брани интересите на земјава од друг исто така државен орган, коментира овој граѓанин.
„Одлуката беше позитивна за нас, да ни се исплатат во обврзници. Чекаме конечно решение за да ги добиеме обврзниците. Во меѓувреме, државниот обвинител го обжалува решението, затоа што пари биле нудени во 52, 53 година кога било национализирано земјиштето, а не биле земени. Е сега, државата тоа го смета како да било платено и го обжалува. А, за тоа има доказ дека не се подигнати тие пари.“
Специфичен случај и во Тетово со едно семејство на кое треба да му се врати одземено бачило. Тие чекаат одговор веке четири години, а немаат информација ниту што се добива во вакви случаи:
„Пред половина година ми рекоа дека не сте донеле фотокопија од лична карта. Јас велам, да се рекле, ќе донесев. Ужасно гњават, барем овде. Само велат, ако не донесеш ова, ќе го отфрлиме, и ќе донесеш, а тоа оди споро…“
Од министерството за финансии надлежно за спроведување на денационализацијата пак велат дека таа се одвива без застој и со зголемен интензитет, а со намален број на комисии и членови.. Оттаму информираат дека заклучно со декември минатата година се решени околу десет илјади, од речиси 20 илјади примени барања. За некои предмети според нив потребно е повеке време за да се донесе одлука.
„До Комисијата за решавање во управна постапка во втор степен од областа на денационализација, според нејзиниот извештај, до мај 2004 година се поднесени вкупно 2.460 предмети по жалба. Во министерството велат дека комисијата е се поажурна во својата работа и додават - во првиот нејзин мандат се решени 462 предмети, а вториот период од јануари 2003 до јуни 2004 се решени 986 или два пати повеке отколку во претходниот мандат.“
изјави Маја Богдановска од министерството за финансии.