Достапни линкови

Министерствата бараат други извори на финансирање


По незадоволството од рестриктивната рамка на буџетот за 2006-та година што се јави во повеќе ресори, како здравството, социјалата, образованието, повеќе министерства очекуваат денеска Владата да одобри зголемување на давачките за цигарите, со што би можело да се образложи зголемување на приходите од буџетот за наредната 2006 та година. Барање за поголемо собирање даноци од тутунот претходно бараа Минстерството за здравство и за екологија, сметајќи дека тие најмногу ја плаќаат цената по здравјето на луѓето од цигарите. Директорот на Фондот, Никола Пановски оценува:

„Значи секоја кутија цигари да поскапи за 2 денари, значи ние не бараме да земеме од оваа цена, туку бараме поскапување, што е потег што не би требало да се критикува. Значи со поскапување ќе се намали и потрошувачката, она што е целта на здравствените работници. Два денари од кутија цигари од прилика 250 милиона годишно би очекувале раст.“

Со слично барање за зголемување на давачките на цигарите излезе и Министерството за екологија, поради оценката дека овој ресор во спротивно драстично ќе ги почувствува последиците од скратениот буџет за оваа година:

„Не е само од тутунот, туку заедно со другите давачки. Од увоз на стари автомобили, стари предмети, дел од нафтени деривати итн. Ако не се искористат тие, буџетот во екологијата ќе биде драматично низок, бидејќи е намален.“

Инаку при договарање на буџетот за наредната година во висина од околу една милијарда и 674 милиони евра, од страна на ММФ беше сугерирано задржување на рестриктивната монетарна политика со која ременот во трошењето пари се повеќе се стегнува, со цел намалување на долговите. Во министерствата очекуваат Владата да биде расположена да ги зголеми цените на цигарите по примерот на европските земји:

„За тутунот можеби ќе има, а за другото не знам. Не го решава тоа проблемот, но дава една порелаксирана политика, бидејќи ние дадовме податоци колку средства се одлеваат од здравството за тутунот, а ништо не се слева кај нас. Кога ќе видиме колкави се срцевите заболувања и малигните заболувања на белите дрбовои, значи кога ќе се видат трошоците наши, тоа е многу помалку од она што го бараме.“

вели Никола Пановски.
XS
SM
MD
LG