Достапни линкови

Ангела Меркел избрана како прва жена канцелар во историјата на Германија


Ангела Маркел прва жена канцелар во историјата на Германија. Меркел ја презема должноста два месеци по тесниот изборен резулат и неопходната коалиција на нејзините конзервативци со социјал демократите на Герхард Шредер. Кој е беграундот и профилот на новиот Германски Канцелар.

Германскиот Бундестаг денеска ја изгласа новата влада на чије чело е Ангела Меркел. Владеачката коалицијата има мнозинство од 397 од 614 те места во Парламентот.

„Со тоа законодавецот Доктор Ангела Меркел е избрана за прва жена Канцелар на Германската федерална Република со неопходното мнозинство гласови на Германскиот Парламент.“

Со овие зборови на парламентарниот спиекр Норберт Ламерт два месеца по изборите Ангела Меркел стана Канцелар. Тесната победа на изборите на нејзините Демократски христијани ја принуди на коалиција со социјал демократите на сега веќе бившиот канцелар Герхард Шредер. Меркел изјави дека главна цел е подобрување на економијата и односите со Соединетите Држави. Таа имено се алага за фундаментални реформи кои ќе ја извлечат најголемата европска економија од како што велат потиштеноста. Но за тоа, според посматрачите ќе и треба многу вештина и поради потенцијалната фракција на коалиционите социјал демократи. 51годишната Ангела Меркел покрај тоа што е прва жена канцелар е исто така и прва личност на оваа функција која доаѓа од источниот порано комунистички дел на Германија.
Таа како протестант ја прекина и традицијата на чело на ЦДУ да бидат мажи претежно католици западни германци. Доктор по физика Меркел стана член на оваа партија во 1990 а десет години подоцна и нејзин лидер. Претходно во 1989 беше инволвирана во демократското движење кое доведе до пад на Берлинскиот зид. Веднаш потоа по првите демократски избори стана владин портпарол. Во нејзината политичка кариера таа наджиевеа 4 партиски лидери и остана единствен проминентен Оси израз за источно германците. Мажена е за професорот по хемија од Берлин Јоаким Сауер и брачниот пар нема деца.
XS
SM
MD
LG