Достапни линкови

Колку добро функционираше Договорот во Босна?


Пред десет години, на 21 ноември, тогашните претседатели на Србија, Хрватска и Босна се договорија на план под покровителство на САД за прекинување на војната. Но, Дејтонскиот договор, што беше потпишан во Париз три недели подоцна (на 14 декември), не само што ги постави темелите за мир во Босна, туку постави и стратегија за мир во многу конфликти оттогаш, од Косово до Авганистан. Колку добро Дејтонскиот договор функционираше во Босна и што нуди за другите земји за решавање на проблемите?

Во борбите во Босна загинаа 200 илјади луѓе, а војната создаде и околу два милиони бегалци, многумина од нив избегаа во останатите делови на Европа. Со Дејтонскиот договор се стави крај на војната во Босна што траеше повеќе од три години. Во врска со договорот тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ и босанскиот претседател Алија Изетбеговиќ изјавија:


„Еднаквоста е основа на која е заснован Дејтонскиот договор. Затоа сум убеден дека меѓународната заедница ќе има еднаков пристап кон сите страни во конфликтот и нивните интереси.“


„Ова можеби не праведен мир, но е поправеден од продолжување на војната, во ваква ситуација подобар мир неможеше да биде постигнат.“


рекоа Милошевиќ и Изетбеговиќ.
Десет години години подоцна, што понуди Дејтонскиот договор?
Жулиан Линдли, од Центарот за безбедносна политика во Женева, вели дека тој понудил решавање на босанскиот конфликт во две фази.

„Тој препознава дека конфликтите имаат краткорочна и долгорочна компонента. Краткорочната е едноставно прекин на насилствата со помош на надворешна сила. Но, на долг рок, она што го постави е тоа што рече, гледајте, ние сме тука, и ќе останеме тука, ќе инвестираме во вас и ќе инвестираме во постигнување локален политички договор.“

Аналитичарите сметаат дека дејтонските принципи на употреба на мултинационални сили во Босна и назначување на меѓународен претставник, оттогаш се покажале применливи и на други места, како Авганистан или Ирак. Но, некои други елементи од Дејтонскиот модел не се покажаа како преносливи. Еден елемент е поделбата на Босна на етнички ентитети со голема автономна моќ. Пост дејтонска Босна е составена од федерација на Босанските Муслимани и Хрвати кои контролираат 51 насто од територијата и Република Српска, која го контролира остатокот. Карни Рос, шеф на лондонската консултантска група Независен Дипломат, смета дека стратегијата на градење мир преку територијална поделба се докажала како контроверзна.

„Територијалната поделба не е нешто што многу луѓе во Босна или на друго место го гледаат како многу успешен елемент на Дејтон. Всушност, меѓународната заедница и високиот претставник во Босна на некој начин се трудат да ги надминат тешкотиите што се предизвикани од територијалната поделба.“

Токму во оваа насока меѓународната заедница прави напори за измена на Уставот на Босна и Херцеговина, со цел земјата да стане единствена и ефикасна.
XS
SM
MD
LG