Достапни линкови

Предност на економијата во односите меѓу САД и Кина


Како што Кина станува глобална економска сила, така и економското прашање изгледа дека го надминува политичкото во американско – кинеските односи. Во секој случај, според познавачите на приликите, тоа не значи дека политичките проблеми ќе исчезнат од агендатата . Американскиот претседател Џорџ Буш кој денеска пристигнува во посета на Кина ќе разговара за северно-корејската нуклеарна програма, за религиозните слободи и други прашања.

Кинеско – американските односи се доста променети во последните десет години. Порано американските лидери ја посетуваа Кина за да дискутираат за политички прашања и идеолошките разлики. Сега земјите се партнери во војната против теророт и блуску економски поврзани. Франческо Сиски е е уредник на италијанскиот весник Ла Стампа со седиште во Пекинг. Тој за Радио Слободна Европа изјави дек односите меѓу двет земји станале комплексни во минатите десет години и сега предност има економијата.

„Односите се покомплексни сега. Мислам економијата е многу важна и не може да се игнорира. Пред десет години тоа беше ирелевантно и политиката и геополитиката беа во преден план. Сега со глобализацијата, со кинескиот растеж на глобалниот пазар, бизнисот е ургентно прашање, повеќе можеби и од идеолошкото.“

Кина е трет трговски партнер на Америка, втор по големина кредитор. Кина купува американски државни обврзници, така што економијата, според Франческо Сиски е многу важно прашање поради фактот што станува се по меѓузависна. Сепак аналитичарите велат дека политичкиот проблем меѓу Кина и Соединетите Држави нема да исчезне. Данкан Инес Кер од Лондонскиот Интелиџенс Јунит вели Соединетите Држави и натаму останнуваат загрижени за недостигот од политички и верски слободи во Кина. Буш ова веќе го кажа јавно и доста силно, иако според аналитичарите, меѓу кои и Кер, има малку простор за брз прогрес кога двете страни му се обраќаат на ова прашање.

„Политичките дискусии изгледаат како да се, знаете кога едната страна зборува а дргата слуша. Тука нема многу дијалог. Кога станува збор за економските проблеми има конкретен дијалог и можете да добиете извесно придвижување на позициите.“

Во меѓувреме американските политичари изразија загриженост и за кинескаат воена надградба. Конгресот побара од Вашингтон да обрати внимание и на ова прашање.
XS
SM
MD
LG