Достапни линкови

Експертите укажуваат и на потребата од исклучување на партиите од изборите


Бугарски воз, скршени гласачки кутии, физички пресметки, поткупување на гласови и ред други работи, се неминиовни појави на речиси сите избори организирани досега. Нивната нерегуларност е една од клучните забелешки кои Европската комисија и ги воочи на Македонија. Министерството за правда пак, веќе изготви нов закон за избори кој сега се наоѓа пред владина и собраниска процедура. Но, покрај измените на законот од ВМРО ДМПНЕ сметаат дека е потребно да се преземат и други работи:

„Треба да се измени изборното законодавство, да се регулира изборниот список и теба да се има политичка воља од сите фактори и учесници во спореведувањето на изборите.“

Вели Трајко Вељановки.
Професорот од факултетот за општествени науки Димитар Мирчев вели дека се зависи од партиите кои треба да си го дисциплинираат членството и активистите:

„Јас неверувам дека со промени во изборното законодавство може да се дојде до фер и демократски избори, бидејќи тоа законодавство и досега беше јасно имаше и предвидено санкции, меѓутоа очигледно тие изборни определби не вредеа и не се почитуваа. Мислам дека е крајно време, партиите да се смират и да се исклучат од изборниот процес. Тие може да се сведат на давање на кандидатски листи и набљудување на изборите преку одборите, ништо друго... Треба силен надзор и мониторинг од надвор и од внатре, од невладиниот сектор.“

И дел од граѓаните се согласуваат со ваквиот став и сметаат дека само партите може да го поправат лошиот имиџ на земјава:

„Во прашање е политичката поделеност на граѓаните и големо влијание на партиите, бидејќи тие инволвираат свои луѓе на високи функции, во институции кои одлучуваат за вакви прашања.“

„Партиите? Кратко и јасно.“


Според некои анализи повеќе нерегуларности се случуваат во средините каде што населението е претежно од албанско етничко потекло. Пратеникот од ДУИ Џевад Хусеин вели, партискиот став е дека лекот за нерегуларностите е добра законска регулатива, но според него проблем е и електорат кој нема развиена демократска свест:

„Ќе треба едно време да се помириме со ова, се додека имаме сиромашно население, кое гласа по некој дневен интерес. Значи, јас сметам дека зрелоста на електоратот не е на завидно ниво и ќе се соочуваме со вакви проблеми.„

вели Хусеин.
XS
SM
MD
LG