Достапни линкови

Политички игри околу војната во Ирак


Американскиот претседател Џорџ Буш ги отфрли критиките за војната во Ирак со оценка дека на тој начин се испраќаат мешани сигнали до американските војници и непријателите на Соединетите држави. Буш денеска ја започнува повеќе дневната азиска турнеа. Тој денеска треба да пристигне во Јапонија, а ќе ги посети и Јужна Кореја, Кина и Монголија.

Зборувајќи пред војниците во воздушната база на Аљаска, пред заминувањето на неговата азиска турнеа, американскиот претседател Џорџ Буш ги обвини опозиционите демократи дека играат политички игри околу неуспехот да се пронајде оружјето за масовно уништување на остранетиот ирачки лидер Садам Хусеин.

„Одговорни луѓе можат да не се согласуваат со водењето на војната, но е неодговорно за Демократите сега да тврдат дека сме ги мамеле американците. Лидерите во мојата администрација и членовите на Конгресот од двете политички партии се водат според истите разузнавачки податоци и ние постигнавме ист заклучок а тој е дека Садам Хусеин е закана.“

Имено во Вашингтон демократите засилено ги повторуваат обвиненијата насочени спрема Бушовата админситрација дека манипулирала со разузнавањето и ја мамела американската јавност околу причините за војната. Сенаторот и поранешниот претседателски кандидат Џон Кери ја нарече војната во Ирак една од најголемите акти на погрешно водство и мамење во американската историја.
XS
SM
MD
LG