Достапни линкови

Францускиот парламент ќе расправа за продолжување на вонредната состојба


Францускиот парламент денеска ќе расправа за можното продолжување на вонредната состојба во земјата за уште 3 месеци со цел да се запре бранот насилства. Иако, според полицијата, нередите на младите имигранти полека стивнуваат, и во текот на изминатата ноќ биле запалени над 160 возила.

Продолжувањето на вонредната состојба за уште 3 месеци ја предложи француската Влада со цел властите да можат да применуваат и посебни мерки, како на пример полициски час, за да им се стави крај на нередите, кои започнаа на 27-ми минатиот месец. Доцна синоќа францускиот претседател Жак Ширак, во телевизиското обраќање до нацијата, оцени дека овие немири ја покажале кризата на идентитетот во француското општество, на која властите треба да одговорат решително и правично.

„Ова е криза на вредностите, на припадноста и на идентитетот. Ние ќе одговориме цврсто, фер и според француските вредности.“

Ширак соопшти дека ќе бидат формирани волонтерски граѓански групи кои ќе им помагаат на младите да најдат работа, додавајки дека околу 50 илјади млади ќе бидат вклучени во програмите за обука во наредните 2 години. Во меѓувреме, француската влада оцени дека некои од телевизиските извештаи од нередите во изминатите денови биле преувеличувани, со што се добила искривена слика од настаните.
XS
SM
MD
LG