Достапни линкови

Решавање на спорот со името и продолжување на децентрализацијата


Прашањето со името неможе да биде отворено вечно, а јас можам само да ги охрабрам одговорните да го решат што е можно побрзо, изјави генералниот секретар на Советот на Европа Тери Дејвис и додаде дека одговорност за решавање на ова прашање е на Обединетите Нации:

„Ова е многу тажно и веќе одзема многу време, она што јас можам да направам е да извршам еден вид притисок на одговорните и да ги охрабрам да го решат што е можно побрзо во интерес на сите. Се разбира на крајот мора да има решение, тоа неможе да трае вечно.“

рече Дејвис. Охридскиот договор предвидува висок степен на децентрализација во земјата истакна Дејвис и додаде дека токму затоа оваа реформа мора добро да се имплементра со транспарентен и јасен трансфер на надлежностите. Според него во македонското општество кое е мултиетничко, употребата на јазикот е од големо значење, затоа рече тој, треба да ја ратификувате и имплементирате Повелбата за регионални и малцински јазици на Советот на Европа што е можно побрзо. Би сакал да ве посочам како земја модел што ги има исполнето сите обврски:

„Ве охрабрувам да продолжите со ова, не за јас да бидам задоволен и мојот живот да биде полесен со другите земји членки, туку тоа е во интрес на граѓаните, тоа е за нив. Знам дека тоа е тешко и чувствително во вакви земји.“

рече Дејвис.
XS
SM
MD
LG