Достапни линкови

Консултантски услуги за бизнисмените, но и невработените


Унитком е мала фирма од Скопје која се занимава со дизајнирање и производтво на прототипови во индустриската електроника. Има вработено пет луѓе. Сопственикот Горан Дамчевски вели дека во работата често пати почувствувал потреба од консултант кој би му давал совети за правни, економски или пак маркетинг прашања:

„Во делот на комерцијалнто работење на фирмата, често пати сме почувствувале потреба од стручно лице или некој што би не посоветувал како да постапиме во дадена ситуација.“

објаснува Дамчевски.
Токму заради бизнисмените, но и за невработените кои имаат ваква потреба Агенцијата за подршка на претприемништвото, од 1 ноември стартуваше со програмата ваучерски ситем за советодавни услуги. Тоа значи дека доколу некој од овие две групи луѓе има бизнис идеја или сака да ја подобри својата работа, тогаш може да се обрати во регионалниот центар за деловна подршка од каде што ќе му доделат советник за прашањата кои го интересираат, објаснува Љубиша Николовски од Агенцијата за подршка на претприемништвото:

„Ако е прифатлива странката за системот, се склучува договор кој важи една година и во рамките на тој едногодишен договор, може да се издвојат повеќе ваучери, а секој ваучер претставува еден проект, односно една советодавна услуга. На пример, ако станува збор за неврботено лице вообичаено е на почетокот да се провери бизнис идеата, и се определуваат 15-20 консултантски часови за изработка на бизнис план, каде што ќе се провери бизнис идеата и ќе се овозможи остатокот од часовите, односно парите кои што државата ги субвенционира да се наменат за некои други истражувања.“

Вели Николовски и потенцира дека овие услуги се бесплатни за невработени, а сопствениците пак треба да платат 50 проценти за советување. Целта на оваа долгорочна програма која е со подршка на Европската унија се 370-те илјади невработени односно намалување на нивната бројка. Но, сепак бизнисмените велат дека за проширување на бизнисот и нови вработувања покрај советите потребни им се и пари. А соработката со банките за земање на кредити оди тешко, вели Дамчевски сопственикот на Унитком:

„Банките апсолутно не ги интересира, или многу малку ги интересира бизнис планот или идеата, за нив е битно да имате добро обезбедување, по можност во центар на Скопје.“

Мишо Николов од Центарот за економски анализи проблемот за неуспешноста на малите фирми го лоцира во неприлагоденоста на бизнисмените на новиот систем, а и во непостоењето на добро менаџмент образование.

„Според комерцијалните банки, во Р Македонија нема добри идеи и бизнис планови и заради тоа тие се конзервативни или рестриктивни во својата кредитивна политика.“

Вели Николов.
XS
SM
MD
LG