Инвестициите што влегуваат во земјава, немаат видливо влијание врз останатите економски параметри, како намалување на стапка на невработеност, економски раст, коментираат економските експерти и додаваат, инвеститорите главно се заинтересирани за максимален профит или немаат долгорочен хоризонт. Ова го покажува и фактот што бројката на невработени само расте, па така во 2003 година имало 36,7 посто невработени, минатата година, 37.2 проценти. Различни показатели пак, има кога станува збор за странските директни инвестиции и колку нив ги има во земјава. Според некои од последните истражувања на меѓународите економски организации Македонија во регионов е на претпоследното место по инвестиции по жител и тоа само пред Србија и Црна Гора. Некои експерти ги посочуваат и истражувања како она на Виенскиот институт според кое земјава е некаде на средината после Хрватска и Бугарија. Како и да е коментираат тие, и оние инвестиции што ги има во земјава не придонесуваат за намалување на бројот на невработени. Затоа, зошто не се гледаат ефекти од постоечките вложувања експертите наведуваат неколку причини:
„Еден проблем со странските инвестиции во Македонија, е тоа што тие практично имаат во многу мал дел од оние ефекти на прелевање, односно малку ангажираат дополнителни други претпријатија, други бизниси, туку гледаат да го ,,фатат,, домашниот пазар и да извадат профиталбилност за себе. Друга негативност од странските инвестиции во Македонија е тоа што голем број од странските инвеститори дојдоа преку приватизација на постоечките претирпјаите. И кај тие претпријатија наместо зголемување дојде до намалување на бројот на вработените, бидејќи факт е дека во социјалистичките претпријатија има превработеност и кога ќе дојде странскиот газда, него не го интересира ништо друго освен профит.“
„Странските инвеститори претежно се заинтересирани за ресурсни искористувања, значи во оние дејности каде што релативно има побрз поврат на капиталот.“
изјавија Ванчо Узунов, професор по Применета економика на Правниот факултет во Скопје и Александар Стојков од Центарот за економски анализи. Стојков посочува во кој случај може да се очекува влијание на инвестициите во насока на намалување на невработените
„Позначајни ефекти врз вработеноста може да се очекува само доколку тие инвестиции се од брзо интензивните дејности. Останува впечатокот дека засега тие инвестиции беа концентрирани главно кај искористување на ресурсите каде не беше потребно ангажирање на сила.“