Достапни линкови

Над 800 запалени возила, четворица повредени полицајци и 800 уапсени


Над 800 запалени возила, 4-ца повредени полицајци и околу 150 уапсени демонстранти, - е билансот од 12-тата ноќ нереди во предградијата на повеќе француски градови. Според Министерството за внатрешни работи, протестите против социјалната нееднаквост полека стивнуваат во реонот на Париз, но не и во другите градови. Француската Влада денеска се очекува да усвои мерки за воспоставување на редот во земјата, меѓу кои и полициски час во критичните места.

„Се што ќе биде потребно, перфектите ќе можат да применат со овластување од министерството за внатрешни работи, па и полициски час, со цел да врати мирот и безбедноста на сите граѓани.“

изјави премиерот Доминик Де Вилпен, кој ја исклучи можноста од ангажирање и на армијата.
XS
SM
MD
LG