Достапни линкови

На Македонија и се неопходни аранжаманите од ММФ, но не и да се прифаќаат невозможни услови


На Македонија неопходни и се аранжманите со Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, оценуваат експертите од областа на финансиите. Во спротивно, додаваат тие, доколку не се склучат вакви аранжмани, треба да се извршуваат сите обврски кон странство за неплатените долгови. Според нив проблемот е тоа што надлежните во земјава при преговорите ги прифакаат условите поставени од овие светски финансиски институции, без притоа да може да ги реализираат преземените обврски:

„Во преговорите нашата Влада лесно ги прифаќа сите барања на ММФ, за реформи итн. без да оцени дека неможе да ги спроведе. Ќе земам еден пример, постојано во првите разговори се бараше дека Македонија има превработеност во државната администрација и барањето било отсекогаш, бројот на вработените да се намали. Меѓутоа тука никогаш немало политичка воља и сили и тоа повторно поради политички причини, за тој број да се намали.“

Изјави Џевдет Хајредини, поранешен министер за финасии. Земјава оваа година потпиша два тригодишни аранжмани со ММФ и Светска банка, станува збор за аранжмани што опфаќаат реформи во јавниот сектор, помагање на приватниот сектор, реформи во здравството и слично. За тоа што добива Македонија Борко Ханџиски, советник за економски прашања во канцеларијата на Европската унија во земјава вели:

„Аранжманите значат две работи, прво дека освен домашен ќе има надворешн притисок да се спроведат сите оние тешки реформи, како реформите во судството, новиот закон за работни односи... Овие области се доста имуни на промени и бараат не само домашен, туку и помош од меѓународната заедница. Така да овие аранжмани го даваат тој надворешен стимул за спроведување на овие реформи, а од друга страна овие институции не само што вршат притисок, туку даваат и можни решенија како да се спроведат овие реформи. Односно со нивната советодавна улога и со нивна помош се смета дека ќе се остварат реформи на начин на кој ќе дадат резултати.“
XS
SM
MD
LG