Амбасадоре, три години бевте прв човек на делегацијата на Европската комисија во земјава. Со какви впечатоци си одите од Македонија?
Има многу впечатоци. Некои од нив се позитивни, некои помалку позитивни. Но се на се, ова беше еден богат период за мојот професионален живот. Живеам со некои разочарувања, но сето тоа е нормално.
Може ли да бидете конкретен, кои настани ви оставија позитивен, а кои негативен впечаток?
Позитивните впечатоци се прогресот што беше направен во организирањето на државата, во зајакнувањето на институциите и донесување на мир, воспоставување на безбедност. Помалку позитивни се стагнирањето на економијата и нерешените прашања во економијата и некои основни реформи.
Која е пораката што најпрво ќе му ја упатите на новиот амбасадор на ЕУ во земјава, господинот Ервин Фуере?
Нормално мојот успешен колега треба да направи своја сопствена проценка. Тоа ќе биде период на учење. Но, со оглед на неговото искуство тој период ќе биде краток. Има многу пораки, но вообичаено е новодојдените луѓе да направат своја сопствена проценка. Тоа е еден од основните принципи на дипломатијата. Но пораката би била иста. Да се продолжи со реформите, бидете сигурни дека имате партнери кои покажуваат добра волја, во администрацијата, во политичката сфера и многу гостољубиви домаќини кои се нетрпеливи да создадат модерна земја чија цел е да стане членка на ЕУ еден ден. Значи продолжете така!
Амбасадоре, генерално како ја оценувате актуелната ситуација во земјата од политички, економски, безбедносен аспект?
Генерално е тешко да се даде таква оценка бидејќи тоа се многу специфични теми. Има многу работи кои треба да се дискутираат. Генерална оценка би можела да биде дека од 2001 год. поголемиот дел од изгубеното е повратено, постигнат е прогрес, во некои аспекти се потврди демократскиот избор, потоа во функционирањето на институциите. По мое видување многу тешки политички одлуки беа донесени, безбедносната ситуација се врати во нормала, но сепак тоа е процес кој треба да продолжи со натамошен прогрес во некои области и реформи. Оптимумот се уште не е достигнат. И јас и моите колеги од Европската комисија ќе продолжиме да инсистираме тој да биде постигнат.
Се добива впечаток дека во одделни делови од земјата не функционира правната држава? Го делите ли и вие истиот впечаток?
Владеењето на правото е многу сложен концепт. Вистина е дека функционирањето на администрацијата во некои области не е на ниво на бараната ефикасност. И тоа така би го поставил, а не како констатација дека правната држава не функционира. Владеењето на правото постои насекаде. Но, како во секоја демократија, секогаш има место за подобрување. Тој напредок зависи од различните нивоа на политички надлежности, од растечката незрелост на раководните лица и секако од соработката со луѓето. Тоа е сепак тековен процес, но не би бил толку драстичен во изјавата дека правната држава во некои делови не функционира. Тоа за мене е оцрнување на ситуацијата, а јас по дефиниција не сакам да го правам тоа, зашто во тој случај неможе да се види вистината. Значи треба да се направи една рационална анализа на фракциите кои не ги почитуваат законите и да се преземат соодветни мерки.
Дали и колку сте задоволен од реформите што беа спроведени досега?
Веќе реков дека не сум задоволен. Од некои од нив сум задоволен, но се уште има многу работа да се направи и да се покаже поголема одлучност во некои области од реформите. Без таква одлучност, реформите ќе останат не завршени и тоа нема да биде задоволувачко не само за признавање или за влез во Унијата, туку и за самите граѓани. Тука особено мислам на судството и борбата против корупцијата, на промена на менталитетот. Дека е возможно да се намали степенот на корупција, возможно е, тоа не е фаталистичко однесување кое постоело отсекогаш и ќе постои засекогаш. Тоа е како сите патологии кои стануваат опасни кога ќе достигнат одредено ниво. Нешто како латинска патологија.
Во овој контекст, спомнавте и сега, а и многупати за време на вашата мисија во Македонија го истакнувавте значењето на борбата против корупцијата. Дали некои од надлежните ги послушаа вашите совети на оваа тема?
Работата не е во рацете на тие кои даваат совети, странците. Познато е дека тоа е елемент што го поткопува општеството, го пролонгира основањето на ефикасна практика и ги компромитира напорите на оној кој вистински би сакал да направи корисна работа во трговијата, индустријата, производството итн. Нема потреба од странски пророци кои ќе го потенцираат проблемот. Тоа е позната работа за граѓаните, за луѓето кои се одговорни да најдат решенија. Има и инстанци кои се борат против корупцијата. Треба само да се активираат.
За два дена Македонија треба да добие одговор од Брисел дали е прифатена нејзината апликација за стекнување на статус на земја кандидат за членство во Европската Унија. Кај македонската влада владее оптимизам дека одговорот ќе биде позитивен. Колку е реална ваквата проценка?
Не би елаборирал по ова прашање, зашто оние кои се нетрпеливи по ова прашање одговорот ќе го добијат набрзо. Оптимизмот во животот е многу важен. Сепак тоа треба да биде рационален оптимизам за да се биде способен да се прими квалитетот на мислењето што ќе го добиете, какво и да биде. Значи оптимизмот секако е важен составен дел за да се постигне што било во животот, но тој треба да биде поддржан од рационалноста но и претпазливост бидејќи степенот на тој оптимизам не треба да биде многу висок. Но ќе видиме што ќе се случи за неколку дена.
Амбасадоре кои се главните пречки во функционирањето на македонската економија?
Може да направиме долга листа. Има документи, книги во кои дијагнозите се многу јасни. Главни пречки може да се имотните права или бирократијата, бирократските тешкотии и неспособноста да се покажат постоечките предности за контакти со странски фирми во споредба со други земји кои ги прават истите напори. Комплексно е прашањето, но за да се разбере сложеноста на овој проблем и главните пречки сега има многу поголемо разбирање, отколку што имаше пред три години. И се надевам дека во овој поглед утре ќе бидете подобри отколку вчера.
Дали бизнис климата во Македонија е поволна за странски инвестиции?
Мислам дека министерот за економија и другите надлежни лица знаат што треба да се направи за да се подобри инвестициската клима. Голем број на донации го поддржуваа овој напредок. Не е достигнат оптимумот. За ова прашање е потребна заедничка анализа на експерти за да се разберат причините, можеби подобар маркетинг, или како што веќе реков да се покажат предностите пред други компании за да се започне бизнис тука во земјава.
Амбасадоре Кјарини, три години престојувавте во Македонија. Што е она што најмногу ви пречеше тука?
Консензусот што постои за да се затвори страницата од минатото и да се продолжи напред кон иднината е нешто што постои на различни нивоа кај популацијата. Овој интерес е различен. Ако зборуваме за постарата популација, кај која има одредена помиреност со ситуацијата. Но ако зборуваме за друга категорија на луѓе, за друга возрасна група ќе видите дека кај нив постои амбиција да се направи нешто модерно во иднина, а тоа ми даде енергија да направам колку што можам повеќе, да одговорам во корист на вашите очекувања. Секако многу работи се направени, но најчувствителниот дел ќе следи по неколку дена, а потоа и на крајот од годината. Дури и кога ќе заминам ќе продолжам да го следам многу внимателно вашиот понатамошен развој.