Една година по признавањето на уставното име на нашата земја Република Македонија од Соединетите држави, стручната јавност оценува - недоволно ја искористивме оваа американска одлука.
„Ние не како македонска страна, туку како македонската држава, паднавме на испитот и би почнал од опозицијата до коалицијата на власт, паднавне на испитот на признавањето на нашето Уставно име од страна на Соединетите држави. Паднавме заради тоа што потрошивме премногу време расправајќи се меѓу себе што тоа значи, како значи и дали е тоа подарок што ние треба да го платиме со некаква фактура.“
Изјави Слободан Чашуле, поранешен министер за надворешни работи. Државниот врв со краток коментар за тоа дали Америка може да направи уште повеке:
„Нема што да бараме повеќе од Соединетите држави од она што го направија во ноември 2004-та година.“
Изјави премиерот Владо Бучковски.
Некои сметаат дека за да се направи нешто кога се говори за стратешки прашања како на пример името, потребно е формирање државен совет:
„Во сериозните држави, тоа се прашања за кои решава државен совет. На пример грците имаат државен совет составен од видни членови на парламентарните партии кој заседава на повик на преседателот и таму се решаваат големите стратешки прашања. Вака неможе ат хок, дојде сега еден предлог од Метју Нимиц и ние ат хок ќе се собираме да заседаваме.„
Вели Љубиша Георгиевски, поранешен амбасадор во Бугарија.
Последиот предлог на посредникот во спорот, Метју Нимиц е резултат не само на американската одлука, туку и на желбата на меѓународната заедница за воопшто за стабилизирање на Македонија и регионот и затварање на отворените прашања, коментираат дипломатите.
„Ни се дава втора шанса и ние не смееме оваа втора шанса да ја испуштиме и повторно да потрошиме премногу енергија и време околу меѓусебните расправии наместо да се зафатиме за работа. И еден факт што е за нас како нација неменлив и историски, а тоа е нашето Уставно име, да го направиме неменлив и за меѓународната заедница.“
Вели Чашуле.
Грција го проблематизира прашањето со името уште од првите денови на осамостојувањето на Македонија. Официјална Атина одби да го признае уставното име со изговор дека тоа би можело да имплицира територијални претензии кон нив. Една година по воведувањето на целосното трговско ембарго кон Македонија, во септември 1995 година се потпиша Времената спогодба, започнаа преговори за надминување на разликите, односите со Грција се подобрија пред се во економијата.