Директорот на детскиот одел на Хјуман Рајтс Воч Џо Бекер вели дека не е невообичанео децата да бидат активно вклучени во војните. Тоа се искуствата и од војната во Виетнам во 60 –тите и 70 години на минатиот век и во иранско – ирачката војна во 80 тите години. Тоа се случува и сега во актуелните африкански војни. Десет годишно момче, на пример беше употребено како бомбаш самоубиец во израелско палестинскиот конфликт.
„Како што конфликтот се продлабочува, децата се повеќе и повеќе се инволвираат. Ние знаеме дека кога децата се доживуваат себеси и нивните заедници како жртви од друга страна се мотивираат за приклучување на конфликтот.“
вели Џо Бекер кој наведува дека децата немаат капацитет како возрасните да решаваат и токму затоа се лесно манипулирани. Еве ги и реакциите на обичните ирачани по веста дека во Киркук едно, како што се јавува 13 годишно момче е злоупотребено како бомбаш самоубиец.
„Неговиот ум е измиен. Ни едно дете не би го направило тоа доколку не е киднапирано и испратено да експлодира.“
„Тоа не е џихад. Лицето кое го испратило, можеби го убедило со нови алишта. Тоа е тоа и ништо друго. Децата не мислат, ако им дадете играчка ке бидат среќни.“
Токму затоа директорот на детскиот одел на Хјуман Рајтс Воч Џо Бекер вели дека организацијата силно опонира против употребата на децата во воените конфликти. Тероризмот и улогата на децата во него не се уникатни муслимански феномени. Во доцните деведесети години на 20 век и Ира регрутираше 14 – 16 годишни деца. Други примери има и од герилската војна во Колумбија па се до Шри Ланка каде што терористите користеа деца како бомбаши самоубијци.