На средбите што ги имавме во Соединетите држави Македонија доби конкретни признанија за досегашната политика, изјави македонскиот премиер Владо Бучковски на денешното обраќање до јавноста. Тој истакна дека на десет дневната посета при што имаше средба со американскиот претседател Џорџ Буш, државниот секретар Кондолиза Рајс, државниот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд, со Пол Волфовиц од Светската Банка и со македонските иселеници, станало збор за повеќе битни прашања. Едно од најактуелните прашања во перидот е спорот со Грција за Уставното име, што Соединетите држави го признаа пред една година. Сепак премиерот смета дека не треба да бараме лобирања од САД:
„Имавме исправна стратегија. Нема што да бараме од Соединетите држави повеќе од она што го направија во ноември 2004-та година.“
Америка ќе биде промотор на Македонија за влез во НАТО, истакна премиерот, но укажа дека не се побарани директни гаранции:
„Симболиката во политиката значи многу повеќе од гаранции. Во нашите американски пријатели ќе имаме промотори за нашата заложба, на идниот самит во 2006-та година кој нема да биде самит на проширување, туку на трансформација, во завршниот документ да биде применета т.н. Мадридска формула каде што ќе навести дека на идниот самит на проширување кој според сите информации ќе биде на почетокот од 2008-та, Македонија ќе ја добие поканата за членство во НАТО.“
Сите параметри пак, покажуваат дека еден од најголемите проблеми е економската состојба на државата. Во согласност со офанзивата на Владата за донесување на странски инвестиции и на овие средби се разговарало за нив:
„За мене е многу побитна втората димензија на нашата интенција да бидеме акрактивни за бизнис заедницата во Соединетите држави и Канада„
вели премиерот и додава дека било отворено и регионалното прашање во врска со улогата на Македонија во преговорите за решавање на статусот на Косово:
„Владата на Македонија во овој момент ја следи интенцијата која преовладува во меѓународната заедница. Затоа што меѓународната зедница ќе бара компромис помеѓу двете веќе дефинирани маргини. Од една страна косовската позиција - независност веднаш и од друга страна веќе дефинираната позиција на Србија.“
Бучковски оптимист и за одговорите на прашалникот од Европската Комисија:
„Верувам дека ќе пристигне уште една соодветна валоризација за нашите напори кои досега ги правевме.“
Премиерот ја потенцираше и благодарноста која ја искажал претседателот на САД Џорџ Буш, за военото учеството во мисиите во Авганистан и Ирак.