Достапни линкови

Странските аналитичари со делумно потврдни одговори


Преговорите за идниот статус на Косово, според најавите на шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен како и на останатите дипломати, најверојатно ќе траат околу година дена. Во пресрет на преговорите, во ситуација кога на Косово доминира ставот ,,независност или ништо,, се поставува прашањето може ли да дојде до повторно будење на екстремизмот или избувнување на вооружени протести во Покраината. Во врска со ова за Радио Слободна Европа со нашиот новинар Бранка Тривиќ, говори Чарлс Хејман, експерт за безбедносни прашања во британскиот Jane`s Defence Weekly.

На прашањето како ги коментира извештаите, потврдени и од меѓународната полиција, дека во западниот и југозападниот дел на Косово се забележани вооружени организирани криминални групи кои би можеле да започнат со насилство, експертот Чарлс Хејман одговара:

„Нема никакви сомнежи во тоа дека мировните сили на Косово мораат сериозно да реагираат на појавата на такви групации и јас верувам дека тоа тие и го прават. Сепак, веројатно постои можноста дека некои од извештаите се премногу алармантни. Некои од луѓето со кои јас контактирав, сугерираат дека таквите групи немаат никаква подршка од населението на Косово и дека граѓаните повеќе несакаат било какво насилство или нестабилност. Значи, можно е дека, иако знаеме за постоењето на вооружени групи во југозападниот дел на Покраината, кои се претставуваат како војска за независност на Косово, сепак тие не се толку силни и влијателни како што би можело да се заклучи од извешатите.„

Во врска со тоа дали постои опасност овие или слични групи да започнат со насилство и екстремизам, Хејман одговара потврдно:

„Да, таква опасност постои. Гледано на некој подолг временски рок, тоа навистина би можело да се случи. Се разбира дека институциите на Косово имаат голема одговорност преку политиката која ја водат да не дозволат отуѓување на населението, кое би можело да се приклони кон некава војска за независност на Косово, како што беа примерите од минатото.,,

Преговорите за статусот на Косово треба да започнат во ноември и според најавите би можеле да траат барем година дена. Но, иако разговорите не се започнати, во Покраината веќе почнува да расте притисокот. Тоа неодамна се случи, со протестите на движењето ,,Самоопределување,, предводено од поранешниот студентски лидер на косовските албанци Аљбин Курти кое се залага за непосредно признавање на независност за Косово. Постои ли можност за зголемување на тензиите во овој правец и повторно избувнување на нереди, уште пред завршувањето на разговорите за статустот на Косово?

„Секако дека постои страв дека такво нешто би можело да се случи. Мудра, способна команда на меѓународните сили во ваква ситуација би требало да обезбеди доволно присуство на воени и полициски сили на теренот за да се спречат евентуални насилни демонстрации, протести и немири. Косовските безбедносни сили не смеат предолго да чекаат, тиа мора брзо да реагираат, посебно во регионите во кои може да дојде до проблеми.“

заклучува експертот Хејман.
XS
SM
MD
LG