Достапни линкови

Законот за јазици доцни поради опструкциите од коалиционите партнери


Законот за употреба на јазиците последен од пакетот закони кои произлегуваат од Рамковмниуот Договор ќе почека уште извесно верме за да се најде пред пратениците. Од владеачката ДУИ обвинуваат оти министерката за Правда Мери Младеновска е таа која го одолговлекува донесувањето на овој закон. Некој намерно не сака да стави крај на Рамковниот Договор И да се затворат мегуетничките проблеми во земјава вели пратеникот од ДУИ Хусеин Хусеин Џеват

„Има тука намера. Се појавуваат сили што не сакаат да згасне меѓуетничкиот пожар, туку дури и дуваат, наместо еднаш засекогаш да се реши тоа и да имаме доверба едни кон други и да се свртиме кон граѓаните, тоа е главно, да имаат достоинствен живот, секој секого да уважува, секој сечиј јазик да респектира. Но, ете, поради некои административни потешкотии тоа не се случува, инаку би се нашло многу брзо решение.“

Од друга страна во Министерството за Правда велат оти донесувањето за законот за употреба на јазиците ке се случИ до крајот на годинава

„Законот за употреба на јазиците како што е договорено ќе биде подготвен до почетокот на декември месец, бидејќи според договорот, тој треба да биде подготвен до крајот на годината. Според договорот, во декември ќе биде подготвен текстот,“

изјави портпаролот на Министерството за правда Убавка Матевска. Партиски извори од ДУИ велат дека нивниот коалиционен парнер СДСМ намерно одолговлекува со донесувањето на законот за употреба на јазиците бидејки се ближат парламентарни избори и тоа за нив би преставувало губење на и така нискиот рејтинг во јавноста.
XS
SM
MD
LG