Достапни линкови

Претпоставката за независно Косово може да ја дестабилизира Македонија


Отворените прашања на Балканот, мегу кои и статусот на Косово мора да се решат со координација меѓу Соединетите држави и Европа, вели Марио Дзукони од Етнобарометар, мрежа на експерти кои работат анализи на мегуетничките односи, чиј придонес за формирање на оваа невладина организација е пред се од Европскаат комисија, а ја поддржуваат повеке фондации од Герамнија, Белгија, Шведска. Дзукони кој е и визитинг професор на Универзитетот Принстон во Соединетите држави посочува дека нема да се случи поголема дестабилизација во Македонија, ниту во регионот со интензивирањето на преговорите за покраината, бидејки е важно што се вклучува и Европа која како што додава ја научи лекцијата од преходните болни конфликти на Балканот

„Секако Европјаните сфатија дека тие мораат повеке да инвестираат во креирање на редот во сопствениот регион, од големо значење е и тоа што Унијата има се поголемо влијание.“

вели Дзукони и додава:

„Секако Европејците и Американците ќе направат се да избегнат големо дестабилизирање на ситуацијата, тоа се лекции од 1995 или Дејтонскиот договор за Босна и Херцеговина и 1999 Косово. Значи во иднина потребна е превенција, а не интервенирање и тоа заедничко на Унијата и Соединетите држави.“

Сепак според професорот прашањето Косово ке има влијание врз Македонија:

„Претпоставката за независно албанско Косово секако може да предизвика дестабилизација на Македонија бидејќи вие ќе имате некои албански политички партии во земјата, кои ќе бараат повисока цена и повторно изнаоѓање на компромис со Македонците во соодветните услови во земјата. Значи не е прашањето дали работите се поврзани, тоа се подразбира, тоа го покажува искуството. На пример ако Србија, иако тоа не е случај сега, но да препоставиме таа брзо да се движи кон Европската унија тоа исто така ке има големо влијание врз Македонија. Да ја повторам пораката не може да се изолириаат проблемите.“

Случајот Македонија, вели Дзукони, е интересен затоа што тука можам слободно да кажам дека Европската унија почна поактивно да се вклучува во менаџирање на кризите, или кризата во 2001:

„Македонија е земја полна со проблеми, има многу ниско ниво на употреба на начелото на владеење на правото, најлоша идеја би била да се мисли дека македонските грагани треба да ги решаваат проблемите сами тоа е невозможно. Затоа треба да и се помогне побрзо да се вклучи во Унијата, да се модернизира, друг пат не постои, не знам претпоставувам дека за овој процес ке треба многу време, но е процес во кој Европпјаните треба да бидат одговорни. Со приближувањето на Македонија до Европа таа ке биде поотпорна и на влијанијата.“
XS
SM
MD
LG